Североисточен гренландски национален парк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Североисточниот гренландски национален парк (гренландски: Kalaallit Nunaanni nuna eqqissisimatitaq) е најголемиот национален парк во Гренланд и светот, како и најсеверен национален парк. Националниот парк е најголема заштитена област во светот.[1] Паркот е основан во 1974 година, а својата сегашна територија е од 1988 година, и покрива 972,001 km2 (375,000 ми).[2] Паркот се наоѓа во средишниот и североисточниот дел на Гренланд и е поголем од 29 држави во светот. Тој е единствен парк во Гренланд.
Remove ads
Географија
Националниот парк на југ се граничи со општината Сермерсок, а на запад со општината Касуитсуп. Средишниот дел на националниот парк е всушност Гренландската ледена покривка, а покрај брегот има поголеми делови без мраз. Регионот е погоден од загуба на мраз од поголеми размери одошто очекуваното.[3]
Население

Националниот парк нема постојано население. Во 1986 година бројот на постојани жители на паркот бил 40, кои живееле во Местерсвиг. Покрај тоа имало уште 400 локации каде имало население за време на летниот период. Овие 40 жители биле екипаж кои биле задолжени за чистење и одржување при операционите рударски ископи но набрзо го напуштиле местото. Од тогаш до денес целиот регион нема население. Во скоро време забележани се само 31 човек и 110 кучиња за време на зимата (и летото) во североисточен Гренланд, распоредени низ станиците:[4][5]
- Данеборг (12), седиште на Сириус Петрол (раководен орган на паркот)
- Данмарксхавен (8), вработени во метеоролошка станица
- Станица Норд (5), воена база
- Местерсвиг (2)
- Закенберг (0) летна станица
- Самит Кемп (4) станица за истражување на Гренландската снежна покривка
Преку лето на овој персонал се придружуваат и научници.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads