Седмочисленици
светци кои ги создале и распространиле глаголицата и кирилицата From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Седмочислениците — седум словенски просветители и светци од 10 век. [1]
Remove ads

Тие се почитувани во сите православни цркви како творци и распространувачи на глаголицата и кирилицата. Овие светци се Свети Кирил и Методиј кои го создале глаголицата и нивните пет ученици Горазд, Климент Охридски, Наум, Ангелар и Сава.[2] Сепак Константин Презвитер се смета за директен ученик на Методиј, црквата традиционално не го вклучува бидејќи не е канонизиран.[3]
Во Руската православна црква, Кирил и Методиј се чествуваат одделно, а нивните ученици се препознаваат како рамноапостоли. Бугарската православна црква го одредила 27 јули како ден на Успението на Климент Охридски и ден на Седумте светители.[4]
Помеѓу Седмочислениците, како просветители на словенските народи и ученици на светите Кирил и Методиј, биле:
- Свети Наум - кој се упокоил на 23 декември (според јулијанскиот календар) 910 година година, и кога главниот празник на храмот е посветен на овој светител.
- Свети Климент Охридски — умрел во 916 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во некогашниот храм на Пресвета Богородица, кој подоцна го добил неговото име манастирот Св. Климент.[5]
- Свети Сава
- Свети Ангелариј
- Свети Горазд
Моштите на светите Наум и Климент почиваат во Охрид, а светите Ангелариј и Горазд во Берат, Албанија. Не е познато каде бил погребан Свети Сава.
Remove ads
Историја
Како ученици на светите Кирил и Методиј, по нивната смрт, тие ги прекинале своите мисии кај Моравските Словени, а под притисок на папата Стефан V и германските благородници и свештеници, кон крајот на 9 век, тие биле принудени да ја напуштат Моравија. Со нивното заминување, во Моравија замрело богослужението на словенски јазик.
По преминувањето на Дунав, биле добро примени од бугарскиот цар Борис и продолжиле со просветната дејност на територијата на тогашна Бугарија, особено за време на владеењето на бугарскиот цар Симеон. Тие се населиле со дозвола на бугарскиот, новокрстен цар Борис-Михаил, на самата западна граница на огромната бугарска држава на брегот на Охридското и Преспанското Езеро и кон Драч и Јадранот, и на тој простор започнале обемни образовни и мисионерски активности, кои го зацврстиле не само процесот на примање и усвојување на христијанството кај Словените, дури и на народен јазик, бидејќи во тоа време јазичните бариери меѓу словенските племиња биле многу помали и потенки. Денес во науката тој јазик се нарекува едноставно „старословенски“.
Учениците најпрвин основале манастир во Белица, каде го имале и првото епископско седиште. Подоцна се преселиле во Охрид, од каде што развиле голема архипастирска и просветна дејност во непосредната и пошироката околина. Во Охрид Свети Климент ја изградил црквата Свети Пантелејмон, подоцна именувана по Свети Наум, каде што живееле многу ученици, кои препишувале книги со словенски букви за словенскиот народ и особено му помагале на свети Наум во оваа дејност. Чудотворните мошти на Наум почиваат во поранешната црква Света Богородица, која подоцна го добила името по Свети Климент.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads