Седум Рилски Езера

From Wikipedia, the free encyclopedia

Седум Рилски Езера
Remove ads

Седумте Рилски езера (бугарски: Седемте рилски езера, romanized: Sedemte rilski ezera) ― група леднички езера, сместени во северозападниот дел на планината Рила во Бугарија. Тие се најпосетуваната група езера во Бугарија. Езерата се наоѓаат помеѓу 2.100 и 2.500 метри надморска височина.

Thumb
Карта на Седумте Рилски Езера.

Секое езеро носи име поврзано со неговата најкарактеристична особеност. Највисоката е наречена Солзата (бугарски: Сълзата) поради чистите води што овозможуваат видливост во длабочина. Следното по висина го носи името Окото по неговиот речиси совршен овален облик. Окото е најдлабокото циркско езеро во Бугарија, со длабочина од 37,5 м. Бубрегот (Бабрека) е езерото со најстрмните брегови од целата група. Близнакот (Близнака) е најголемата по површина. Трефолијата (Трилистника) има неправилен облик и ниски брегови. Најплиткото езеро е Рибното Езеро, а најниското е Долното Езеро, каде што водите што течат од другите езера се собираат за да ја створат реката Џерман.

Седумте езера се туристичка знаменитост во Бугарија поради нивната природна средина. Езерата се наоѓаат едно над друго и се поврзани со мали потоци, кои создаваат мали водопади и каскади. Туристичкото сместување во близина на езерата вклучува вила на североисточниот брег на Рибното Езеро, на надморска височина од 2.196 м.[се бара извор] Најчестото време за посета на езерата е летото, во јули и август, кога температурата е над 10 степени Целзиусови, а ризикот од ненадејни бури е помал.[се бара извор] Во текот на остатокот од годината времето може да биде тешко.[се бара извор] Езерата обично замрзнуваат во текот на октомври и не се топат пред јуни. Ледената покривка може да достигне и до 2 метри.

Remove ads

Список

Повеќе информации Македонско име, Бугарско име ...
Remove ads

Галерија

Thumb
Панорамски поглед на Седумте Рилски езера од планината Езерен.
Thumb
Панорамски поглед на шесте најниски (и најголеми) езера.

Поврзано

  • Список на езера
  • Списоци на езера

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads