Селемлиско Езеро
вештачко езеро во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Селемлиско Езеро или Селемлија — вештачко езеро во непосредна близина на селото Селемли, на крајниот југоисток на Македонија, непосредно до границата со Грција. Езерото било создадено во текот на 1970-тите години за наводнување на околните насади со лозје.
Remove ads
Потекло на поимот

Езерото името го добило по селото Селемли, во чијашто непосредна близина се наоѓа.
Географија
По својата големина, Селемлиско Езеро спаѓа во групата на мали вештачки езера, при што неговата зафатнина изнесува 840.000 м3 вода.[1] Езерото има издолжен облик и се протега во правец север-југ. Неговата должина изнесува околу 600 метри, додека најголемата ширина изнесува околу 400 метри. Езерото има длабочина од 3 до 10 метри. Основен извор за полнење со вода е мала рекичка која извира во Егејска Македонија, но од неа езерото нема постојан прилив на вода, така што значаен извор се есенските и пролетните дождови. Нивото на водата во езерото е доста променливо, па во некои сушни години опаѓа и за повеќе од 3 метри.
Remove ads
Риби
Езерото располага со богат рибен фонд и е привлечно место за рекреација на спортските риболовци. Во минатото езерото било испразнувано и порибувано, така што во него денес се среќаваат следните видови риба: крап, караш, сончаница, црвеноперка, љињак, штука, сом и костреш.
Галерија
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads