Паљурци

историско село во Општина Богданци From Wikipedia, the free encyclopedia

Паљурциmap
Remove ads

Паљурци — историско село во Гевгелиско, денес на територијата на Општина Богданци.

Кратки факти
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во областа Бојмија, на околу 8 км источно од градот Богданци, под денешното езеро Паљурци на Стара Река.

Историја

На почетокот на XIX век Паљурци било чифлигарско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Паљурци (Paliurtzi) е заведено како село со 30 домаќинства и 136 жители Македонци.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Паљурци имало 150 жители Македонци христијани.[2][4] Постои легенда дека името доаѓа од Апостол Павле, кој кога доаѓал да го проповеда христијанството, секо посетено место го нарекувале „Павлово место“. Турците го нарекле Павлерци, па оттаму — Паљурци.

Развој на унијатството

Во 1889 г. во Солун е основана монашката заедница на сестрите евхаристинки при Бугарската унијатска црква. Основачите на заедницата биле италијанскиот лазаристички свештеник Јосиф Алоати и сестра му Еврозија. Отецот Алоати со свои средства го откупил целото чифлигарско село.[5] Во 1892 г. евхаристинките го пренеле центарот на дејноста во Паљурци. Најпрвин во селото основале женски манастир и кон него создале едно женско и едно машко сиропиталиште, а потоа отвориле и земјоделско училиште.[6][7] Манастирот станал база на четите на ВМРО.[8][9]

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под странската пропаганда, и сите биле унијати. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото (Paleortzi) имало 104 Македонци унијати[2] и во селото работело бугарско унијатско училиште со 1 учител и 8 ученици.[10]

Судбина на селото

Во Втората балканска војна во 1913 г. селото е нападнато од грчка војска и дел од населението е прогонето, а други се испратени во заточеништво.[11] Селото е разрушено во Првата светска војна, бидејќи низ него поминувала линијата на Македонски фронт. По војната, дел од населението се иселило во Бугарија. По 1924 г. последните жители на селото се иселиле во Богданско, Дојранско и Струмичко.[12]

Remove ads

Личности

Родени во Паљурци
  • Христо Паљурски — револуционер, деец на ВМРО[13]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads