Селисма
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Селисма (грчки: Διασελλάκι, Дјаселаки, до 1927 година (грчки: Σέλισμα, Селисма)[2]) – село во Република Грција, во општината Дескати, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 2 жители.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на околу 7 км југозападно од градот Дескати, 70 км југоисточно од Гребен на надморска височина од 750 м. Земјиштето се наоѓа меѓу македонската река Бистрица и тесалиската Пенеј.
Историја
За време на Османлиското Царство
Селисма се појавува како село во документ на манастир од Метеора во 1613-1614 година.[3] По присоединувањето на Тесалија на Кралството Грција во 1881 година, Селисма останува под власта на Османлиското Царство во рамките на Еласонската Каза. Новата османлиско-грчка граница минува на неколку километри јужно од селото. Според грчката атинска статистика од 1910 година во Селисма (Σέλισμα) живееле 34 Грци христијани.[4]
Во Грција
За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Селисма станува дел на Кралството Грција. Во 1927 година името на селото е променето во Дјаселаки.
Remove ads
Демографија
Пописи
Движењето на населението по години е следното[5]:
- 1913 – 51 жител
- 1920 – не е регистрирано
- 1928 – 33 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads