Селиште (Подмоље)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Селиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Подмоље. Претставува средновековна населба, црква и некропола. Се наоѓа на 1 км североисточно од наоѓалиштето Корија - Манастириште (околу 2 км од селото Подмоље) и 2,5 км југоисточно од селото Оровник. Претставува блага котлина заградена од сите страни со брегови. По површината се забележуваат купишта од градежни камења меѓу кои два бунари за вода. На крајниот југозападен дел од котлината постојат остатоци од еднокорабна црква чии ѕидови се широки 90 см, ѕидани од кршен камен. Според кажувањата на жителите од Подмоље овде биле наоѓани и фрагменти од живопис. Јужно од црквата се протега некропола.[1]
Remove ads
Поврзано
- Корија - Манастириште — средновековна црква;
- Чешма — средновековна црква и некропола;
- Подмоље;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads