Подмоље

село во Општина Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia

Подмољеmap
Remove ads

Подмоље (се среќава и како Подмолје) — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Во XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подмоље живееле 160 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подмоље имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Подмоље е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 331 жител, од кои 325 Македонци, 2 Срби и 4 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 280 жители, од кои 246 Македонци, 3 Срби, 7 останати и 24 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Подмоље е македонско село.

Родови во селото се: Лошковци (6 куќи) доселени се од соседното село Оровник; Тодоровци (2 куќи) доселени се од селото Завој; Димовци (1 куќа) доселени се од селото Вапила, каде припаѓале на родот Шандаковци; Велестовчани (6 куќи) доселени се помеѓу двете светски војни од селото Велестово; Завојчани (4 куќи) доселени се кога и претходниот род од селото Завој; Оровчани (16 куќи) доселени се во 1970 година од селото Оровник; Луковчани (10 куќи) доселени се кога и Оровчани од селото Луково; Дебрчани (10 куќи) доселени се од разни села во Дебрца; Безовчани (6 куќи) доселени се од селото Безово; Орманчани (2 куќи) доселени се од селото Орман; Волинчани (2 куќи) доселени се од селото Волино; Охриѓани (2 куќи) доселени се од Охрид; Тетовчани (2 куќи) доселени се од Тетово; Скопјани (2 куќи) доселени се од Скопје; Кумановчани (1 куќа) доселени се од Куманово.[12]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

  • Мојсовци или Лошковци (1 к.) староседелци; Шашојаковци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Вапила. Во Вапила имале роднини, голем род; Балевци или Саравиновци (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Велестово. Таму припаѓале на голем разгранет род; Бамбаловци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Оровник. Таму имале истоимени роднини; Мингулевци или Тодоровци (1 к.) доселени се во 1929 година од селото Завој. Таму припаѓале на родот Деспотовци; Шабановци или Стојчевци (2 к.) доселени се во 1929 и 1930 година од селото Завој; Стојановци (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Оровник. Подалечно потекло од селото Лактиње во Дебрца.[13]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Thumb
Селската чешма.
Thumb
Спортското игралиште.
Цркви
Чешми
  • Чешма - се наоѓа во средиштето на селото, веднаш до црквата
Археолошки наоѓалишта
Спорт
  • Спортско игралиште

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:

  • Од Мојсовци иселеници има во Оровник (каде се иселиле во периодот помеѓу 1912 и 1915 година).
  • Од Бомболовци иселеници има во Охрид (едно семејство од 1930 година).[13]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads