Селник
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Селник — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Remove ads
Географија и местоположба
Селник се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Бугарија. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 880 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 11,1 км2. Селото е оддалечено 17 км од Делчево.[2]
Историја
Во почетокот на XX век, Селник било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар, шумите зафаќаат површина од 442 ха, на пасишта отпаѓаат 348 ха, а на обработливо земјиште 266 ха.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селник живееле 120 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 112 жители Македонци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 28 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Киселица во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0599 според Државната изборна комисија, кое е сместено во трпезаријата во дворот на црквата „Св. Петка“.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[15]
Remove ads
Културни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта
- Кадин Чифлик — населба од доцноантичко време[16]
- Цркви
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква
Личности
- Родени во Драмче
- Трајан Гоцевски (р. 1950) — македонски економист и политичар
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads