Селце Кеч
село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Селце Кеч (албански: Sellca e Keqe, прев. Лошо Селце) — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Население
По Балканските војни е забележано со 242 жители.[2]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Брвеничка општина во Долнополошкиот срез и имало 41 куќа со 203 жител, Албанци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[4]
Според пописот од 2002 година селото имало 212 жители, од кои 211 Албанци и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 86 жители, од кои 62 Албанци и 24 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Селце Кеч е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
- Љоковци (35 к.) и Чолаковци (8 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век. Во Љоковци се знае следното родословие: Шаип (жив на 85 г. во 1948 година) Јонуз-Рустем-Шаин, основачот на родот. Брачни врски помеѓу овие два рода не се склучувале, туку се земале со девојки и момчиња од околните албански и горански/торбешки села.[11]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2076 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 271 гласач.[13]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads