Семоа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Семоа (француски: Semois / Semoy, валонски: Simwès / Smwès, германски: Sesbach, луксембуршки: Setzbaach) — река во Белгија и Франција, северозападна Европа. Тече од подгорскиот крај на Ардените во Белгија и Франција, па се влева во Меза како нејзина десна притока.[1]
Реката извира кај Арлон во белгиската покраина Луксембург, недалеку од границата со кнежевството Луксембург. Тече во западен правец, минува низ селото Боан на Семоа, па влегува во Франција и се влева во Меза околу 10 км низводно од гратчето Монтерме. Целото течение е долго 210 км.
Семоа минува и низ други населени места како Шини, Флоранвил, Ербемон, Бујон (вкл. месностите Доан и Пупеан) и Врес на Семоа — сите во Белгија.
Remove ads
Историја
Реката првпат се споменува во II век како Sesmara. Во следниот период, на подрачјето се доселило монгубројно германско население. Крај реката се појавиле низа населени места како Сесомирс (664), Сесмарус (950), Сесмоа (1104) и Семоар (1244).
Реката го дала своето име и на позната сорта тутун кој се одгледува во тој крај.[1]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads