Валонски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Валонскиот (Walon) е романски јазик, од подгрупата на оилски јазици. Јазикот бил доминантен јазик во Валонија, Белгија, но се зборувал и во некои места во северна Франција и во делови од Висконсин, САД[1]. Најпознат сроден јазик на валонскиот е францускиот.
Валонскиот јазик има богата книжевност и бил распространет во Валонија и регионот, но од 1756 година употребата на јазикот значително се намалила. Ова е како директна последица на француското анектирање на Валонија. Со потпаѓањето на Валонија под француска управа, доминантен јазик станал францускиот.[2] По Втората светска војна, училиштата држеле настава на француски јазик, и се деградирала употребата на валонскиот јазик. Во 1952 година започнало да се воведуваат казни за употребата на јазикот во училиштата. Така, јазикот сè помалку се користел од луѓето во Валонија и тоа довело валонскиот јазик да стане скоро мртов јазик. Денес ретко се зборува на валонски, особено од страна на младите. Во 1996 година се проценило дека јазикот може да го зборуваат од 1 до 1,3 милиони луѓе.[3]
Поголем број невладини организации, особено театрите, работаат на зачувување на јазикот. На владино ниво, валонскиот е официјално признат како „регионален староседелски јазик“. Во 1990-те се основал единствен правопис.
Remove ads
Класификација
Валонскиот е романски јазик, дел од групата на западноромански јазици, од подгрупата на оилски јазици. Францускиот јазик е исто така дел од оилските јазици. Поради тоа, некои јазичари го сметале валонскиот јазик како дијалект на францускиот (францускиот е далеку поголем јазик). Како и францускиот, така и валонскиот потекнува од латинскиот. Денес валонскиот се смета за скоро мртов јазик, бидејќи бил заменет (насилно и ненасилно) од францускиот. Јазикот е признат како „регионален староседелски јазик“ во Валонија, Белгија.
Remove ads
Азбука
Валонскиот јазик ја користи стандардната латиница, но има и букви со надредни знаци. Буквите со надредни знаци не се сметаат за дел од азбуката.
Големи букви | |||||||||||||||||||||||||
A | B | C | D | E | F | G | H | I | J | K | L | M | N | O | P | Q | R | S | T | U | V | W | X | Y | Z |
Мали букви | |||||||||||||||||||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h | i | j | k | l | m | n | o | p | q | r | s | t | u | v | w | x | y | z |
Дијалекти


Валонскиот јазик е поделен на четири главни дијалектни групи:[4]
- централновалонски - дијалектот се зборува во Намир, Динан и Вавр;
- источновалонски - овој е најконзервативен дијалект, и се зборува во Лиеж, Вервје, Малмеди, Иуи и Варем;
- западновалонски - овој дијалект е најблизок до францускиот јазик, но и со пикардскиот. Овој дијалект се зборува во Шарлероа, Нивел и Филипвил; и
- јужновалонски - овој дијалект е близок со лоренскиот јазик, но и со шампањскиот. Овој дијалект се зборува во регионот Арден.
Примери
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads