Сена

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сенаmap
Remove ads

Сена (француски: Seine) — најголемата река и трговски пат меѓу регионите Ил де Франс и Горна Нормандија во Франција. Таа исто така е и туристичка атракција, со бродски екскурзии кои нудат разгледувачки тури на туристите на Десниот брег и на Левиот брег во градот Париз.

Кратки факти Сена, Изворно име ...
Thumb
Сена, која извира близу Дижон, во северна Франција, тече низ Париз и во Ламанш.

Има над триесеттина мостови на Сена во Париз и десеттина други надвор од градот. Највпечатливи во Париз се Мостот Луј-Филип и Пон неф, кој датира од 1607. Надвор од градот, такви примери се Мостот на Нормандија, еден од најдолгите висечки мостови на светот, кој го поврзува Ле Авр со Онфлер.

Remove ads

Потекло на името

Името „Сена“ на латински е Секвана. Тоа доаѓа од галскиот назив (келтски) Sicauna, за кој се верува дека значи „света река“.

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads