Горна Нормандија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Горна Нормандијаmap
Remove ads

Горна Нормандија (француски: Haute-Normandie, МФА: [ot nɔʁmɑ̃di]; нормандски: Ĥâote-Normaundie) е еден од 27 региони на Франција. Регионот се состои од два департмана: Приморска Сена и Ер а формиран е при регионалната поделба во Франција од 1956 при што Нормандија била поделена на Долна Нормандија и Горна Нормандија.

Кратки факти Горна Нормандија Ĥâote-Normaundie (Norman)Haute-Normandie (француски), Земја ...
Remove ads

Историја

Во 911, со Договорот од Сен-Клер-сир-Епт, викиншкиот водаш Ролон склучил спогодба со каролиншкиот крал Карло Простиот, со кој му било овозможено да ја чува грофовијата Руан од наездите на други викиншки племиња, која пак е речиси истата територија на денешна Горна Нормандија. Во 18 век кулминира трговијата со црно робје. Тоа го искористила буржоазијата на Авр, на Раен за свое богатење. Во градовите почнала да се развива обработката на памук и се поствиле основите на една нова Индустриска револуција. Мануфактурите никнувале во предградијата на Руан. Ваквите промени биле во корист на источна Нормандија (денешна Горна Нормандија.

Во тек на регионалната поделба, од 1956, петте департмани биле поделени во два административни региони: Горна и Долна Нормандија. Иако не станува збор за истите граници, со ваквата поделба се направила едно разграничување кое има свои корени уште во 16 век, ако не и во 14 век.[1].

Remove ads

Географија

Горна Нормандија се наоѓа во западниот дел на Франција. Главен град на регионот е Руан кој брои околу 110.000 жители и кој претставува важен историски центар со убави цркви и зачувана архитектура, вклучително и највисоката катедрала во Франција а најголем град на регионот е градот Авр со околу 180.000 жители. Најголема река во овој регион е Сена

Поголеми центри

Thumb
Руан
  • Дјеп
  • Евре
  • Фекам
  • Голем Кевији
  • Авр
  • Мал Кевији
  • Мон-Сен-Ењан
  • Руан
  • Сент Етјен ди Рувр
  • Сотвил ле Руан
Remove ads

Стопанство

Стопанството на овој регион е фокусирано околу земјоделието, индустријата, хемиската индустрија и туризмот.

Во XVIII и XIX век се развило производството на памук а воедно и металургијата, благодарение на надворешни капитали. Во 20 век во околината на Долна Сена се отвориле хемиски фабрики, рафинерии и фабрики за производство на автомобили. Во 2003 година, со околу 6.000 вработени, прв работодавач била групацијата Рено. Регионот околу главниот град Авр покрива повеќе од половина од севкупното француско производство на пластика и 80 % од производството на адитиви и масла; повеќе од 3 500 научници работат во јавните или приватните лаборатории. Поради тоа дека е центар на хемиската индустрија во Франција, во Горна Нормандија присутни се и голем дел од интернационалните мултинационални хемиски компании: Exxon Mobil, Total , Esso, Chevron Oronite SA ; а во Сандовил, компании како Goodyear chemicals Europe.

Приказ низ статистички податоци

  • Бруто-домашен производ за 2002 : 41,5 милијарди евра
  • Стапка на невработеност : 10,5 % (декември 2003)[2]
  • 60 % од вкупното француско производство на масла,
  • 50 % пластика, 30 % возила
  • Четврти регион во Франција по однос на севкупната француска надворешна трговија
  • Прв регион во Франција по однос на производство на лен
  • Шести регион во Франција по однос на постигнувањата во научно-истражувачка дејност
Remove ads

Гастрономија

Самата географска положба на Нормандија ја детерминира и кујната која изобилува со земјоделските односно млечните производи (сирење, путер), а воедно и со морска храна (риби, школки, ракови). Во кујната на Нормандија воедно битно место заземаат сирењата, путерот и павлаката кои се користат во голем број нормандски специјалитети. Се користат воедно и разновидни зеленчуци а од овошјата крушата и јаболкото заземаат мошне важно место. Јаболкото воедно се користи и за производство на сокови или алкохолни пијалаци (калвадос, цидра и сл.)

Thumb
Сирење Нешател

Сирење, путер, крем :

Пијалаци:

  • Бервијез
  • Нормандска цидра
  • Сок од јаболко
  • Калвадос
  • Бенедиктин
  • Нормандски пива
Remove ads

Збратимени градови

Горна Нормандија е збратимена со:

Поврзано

  • Музеи во Горна Нормандија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads