Сендвич

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сендвич
Remove ads

Сендвич[1][2] (англиски: sandwich) — храна направена од една или две кришки леб со еден или повеќе слоеви намирници.[3][4][5] Лебот може да се премачка со маст, путер, сенф или нешто друго за да се подобри вкусот и текстурата. Во XXI век, имало значителна расправа за точната определба на сендвичот, а особено дали хот-догот или отворениот сендвич можат да се категоризираат како такви. Во Соединетите Американски Држави, Одделот за земјоделство и Управата за храна и лекови се одговорните агенции. USDA ја користи определбата на „најмалку 35 % приготвено месо и не повеќе од 50 % леб“ за затворени сендвичи и „најмалку 50 % приготвено месо“ за отворени сендвичи.[6] Во Обединетото Кралство, Британското здружение за сендвичи го определува сендвичот како „секаков вид леб со полнеж, обично разладен“.[7]

Thumb
Сендвичи
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads