Сенди Шо

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сенди Шо
Remove ads

Сенди Шо (англиски: Sandie Shaw; родена како Сандра Ен Гудрич; 26 февруари 1947 г.) ― англиска поп пејачка. Била една од најуспешните британски пејачки во 1960-тите, а со песната „Puppet on a String“ во 1967 година станала прва Британка која победила на Евровизија. Сенди Шо се повлекла од музиката во 2013 година.[1]

Кратки факти Сенди Шо, Животописни податоци ...
Remove ads

Живот и кариера

Сандра Ен Гудрич е родена на 26 февруари 1947 г. во Дагенхам, во тоа време во Есекс, Англија. На натпревар за музички таленти завршила на второ место и како награда испеала една песна на хуманитарен концерт во Лондон. Нејзиниот потенцијал го забележал пејачот Адам Фејт. Тој ја запознал Сенди со неговата менаџерка, Ив Тејлор, која во 1964 година ѝ понудила договор со Pye Records и ѝ го дала естрадното име „Сенди Шо“.[се бара извор]

Нејзината прва песна „As Long As You're Happy“ немала успех,[2] но нејзината следна песна, преработка на песната од Бекерек и Дејвид „(There's) Always Something There to Remind Me“ есента 1964 се искачила на прво место на топ-листата во ОК,[3] и исто така следната година се нашла на 52-то место на Billboard Hot 100.во САД.[4]

Шо почнала редовно да се појавува на популарните британски ТВ програми од тоа време, како што се Top of the Pops, Ready Steady Go! и Thank Your Lucky Stars. Била сметана на класичен пример на „Swinging Sixties“, а со нејзиниот заштитен знак, настапувањето босонога, стекнала симпатии кај целата јавност.[5] [6] Исто така, повеќето од нејзините хит песни ги препеала на италијански, француски, германски и шпански јазик, со што се зголемила нејзината популарност ширум Европа.[7] Шо, исто така, издала неколку оригинални албуми во 1960-тите: Sandie (1965); Ме (1965); Puppet on a String (1967); Love Me, Please Love Me (1967); The Sandie Shaw Supplement (1968) и Reviewing the Situation (1969).

Во 1967 година, Би-Би-Си ја поканила Сенди да го претставува Обединетото Кралство на натпреварот за песна на Евровизија во Виена. Сенди, со песната „Puppet on a String“ победила на натпреварот со дотогаш рекордна разлика во гласови,[8] и на ОК му ја донела првата победа во ова натпреварување.[3] Ова била нејзина трета песна на прво место во Велика Британија, рекорд за женски изведувач во тоа време.[9] :85„Puppet on a String“ исто така станал меѓународен хит и таа година бил најпродаван сингл во Германија, и станал златен диск (преку еден милион продадени примероци) во ОК и Европа.[2] На светско ниво, синглот бил продаден во преку 4 милиони примероци, со што е најпродавана победничка песна на Евровизија досега.[10] Некои проценки сугерираат дека ова песната ја прави најпродаван сингл на британски женски изведувач на сите времиња.[11]

Заштитен знак на Сенди Шо била и модата, и во 1968 година таа основала свој моден бренд Sandie Shaw, преку кој продавала облека, чевли и накит. Кон крајот на 1969 година, ја објавила песната „Heaven Knows I'm Missing Him Now“, која ќе стане инспирација за хитот од Smiths 15 години подоцна. Шо, исто така, продуцирала свој албум, Reviewing the Situation, кој содржел верзии на песни од Боб Дилан и Ролинг Стоунс и исто така Шо станала позната како прв изведувач кој преработил песна од Лед Зепелин.

Иако почнала да пишува песни, нејзиниот договор со Pye истекол во 1972 година. Таа се повлекла од поп пеењето и почнала да работи на други проекти, како пишување целосен рок мјузикл, пишување песни, глумење во театарски претстави (таа ја глумела Офелија во Хамлет и Јованка Орлеанка во Света Јованка) и пишување книги за деца. Во 1972 година, таа дополнително ја демонстрирала својата разноврсност како уметник појавувајќи се во емисијата, Старите добри денови.

Сенди Шо направила камбек во музиката откако во 1983 година го објавила албумот „Choose Life“. Подоцна истата година, добила писмо од „двајца неизлечиви обожаватели на Сенди Шо“ - пејачот Морисеј и главниот гитарист од the Smiths, Џони Мар - во кое ѝ напишале дека „Легендата за Сенди Шо сè уште не е завршена - има уште многу да се направи“. Сопругот на Шо бил пријател со Џеф Тревис од Rough Trade Records, издавачката куќа за која имале потпишано the Smiths, и Сенди се согласила да сними неколку нивни песни.[12]:387

Во април 1984 година, ја објавила нејзината верзија на „Hand in Glove“ (прва песна од Smiths) и веднаш се пласирала во топ-30 во Велика Британија.[3] Таа снимила нова верзија на нејзиниот прв хит „(There's) Always Something There to Remind Me“ за филмот „Писмо до Брежњев “, а потоа објавила два сингла за издавачката куќа „Polydor“. [12] :91

Сенди Шо се појавила на музичкиот фестивал во Санремо 1990 година, каде ја испеала „Deep Joy“, англиска верзија на песната од Милва „Sono Felice“. Во 1991 ја објавила нејзината автобиографија, Светот пред моите нозе. Во 1994 година на Универзитетот во Оксфорд дипломирала како психотерапевт. Сенди Шо се развела од Пауел и го запозна нејзиниот трет сопруг Тони Бедфорд. Концентрирана на нејзината нова кариера како психотерапевт, Шо во 1997 година заедно со нејзиниот сопруг отворила клиника за да овозможи психолошка здравствена заштита и креативен развој на луѓето кои работат во креативната индустрија.[12] :387Клиниката се викала Босонога Терапија: Уметничка клиника и давала психолошка поддршка за луѓе кои се занимаваат со забава, медиуми и спорт. [13] Во 1998 година била поканета во Британското кралско друштво на музичари како почесен професор по музика.

Thumb
Сенди Шо во 2016 година

Во 2017 година, Сенди Шо за нејзиниот придонес во музиката била именувана за член на Редот на Британската империја (MBE).[14]

Remove ads

Дискографија

  • Sandie (1965)
  • Me (1965)
  • Love Me, Please Love Me (1967)
  • The Sandie Shaw Supplement (1968)
  • Reviewing the Situation (1969)
  • Choose Life (1983)
  • Hello Angel (1988)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads