Сентеш

град во Унгарија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сентеш (унгарски: Szentes) — град во Унгарија. Сентеш по големина е трет град во кругот на Чонград. Според податоците од 2008 година, градот имал 29.444 жители.

Градот Сентеш се наоѓа во јужниот дел на Унгарија. Од првиот голем град, Сегед, градот е околу 50 км северно. Градот се наоѓа во централниот дел на Панонската рамнина, на реката Тиса.

Историја

Во Сентеш се одржувале три летни саеми, на 24 април 22 јуни и 21 септември.[1] Во Сентеш, во 1867 година, бродот „Ѓула“ кој бил во сопственост на Копач, бил натоварен со 6102 мери жито. Товарот што го вршел трговецот Хајдук заминувал за Сисак, по реката Сава.[2] На грчките трговци „од Македонија“ им било понудено да се населат во Унгарија, каде што во 18 век, нивните православни цркви биле изградени во Сентеш и Кечкемет. Во 1893 година, овде се крстил познатиот српски писател Милош Црњански.[3]

Remove ads

Население

Според проценките од 2017 година, во градот имало 27.266 жители.

Збратимени градови со Сентеш се:

  • Србија Бачка Топола, Србија
  • Шпанија Буњол, Шпанија
  • Романија Думбравица, Романија
  • Финска Карина, Финска
  • Германија Маркгренинген, Германија
  • Германија Санкт Августин, Германија
  • Полска Скерневице, Полска

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads