Сент Мартин (остров)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сент Мартин (корнски: Brechiek, со значење шарен предел покриен со светлина и темнина) е најсеверниот населен остров на Островите Сили во Англија. Има површина од 237 хектари.
Remove ads
Опис


На островот има три поголеми населени места Хајер Таун, Мидл Таун и Лоуер Таун,и повеќе расфрлани фарми и куќи со вкупен број на жители 136 според пописот од 2001 година.
Постојат две пристаништа: едното е кај Хајер Таун и е наречено докот на Хајер Таун и е во функција кога е плима, а второто пристаниште е наречено Хотел док и се наоѓа кај Лоуер Таун и е во функција кога е осека. Во Хајер Таун постои пошта.
На островот има лозови насади.[1]
Северниот дел од островот за време на осека е споен со островот Вајт.
Дневен светилник
На североисточниот агол од островот се издигнува висок дневен светилник обоен со бели и црвени пруги. Подигнат е во 1683 година од Томас Екинс првиот служител на Годофин семејството кој живеел на островот.
Светилникот е мазна, гранитна, кружна кула со пречник 4.8 метри и височина 6.4 метри,со конусна завршница и вкупна висина од 11 метри. Има заоблена влезна врата што е блокирана и на неа е врежан неточен датум – 1637 година. Белите пруги се обоени до 1822 година,а црвените до 1833 година, така да денес целата кула е со бели и црвени пруги.
Иако светилникот е од современ датум, тој заедно со неколкуте камени могили е вброен во важни древни споменици.[2]
Светилникот е изграден на највисоката точка на Сент Мартин, која е втора по височина на Островите Сили, и е единствената тригонометриска точка на мапата на Националната агенција за мапирање (OS) на Островите Сили, што значи дека светилникот може (ако времето тоа го дозволува) да биде виден од Корнвол и обратно од таму да се види копното на Англија.
Remove ads
Религија
Постојат две цркви на Сент Мартин: Англиканска епархиска црква Сент Мартин и методистичка капела. И двете се наоѓаат во околината на Хајер Таун. Методистичката капела била изградена околу 1845 година.[3]
Граѓанска парохија и избирачко место

Сент Мартин е една од петте цивилни епархии на Островите Сили, и е избирачко место. На оваа епархија покрај овој остров и припаѓаат и неколку ненаселени острови и гребени заедно со островите Истерн Ајлс, Греит Ганили, Вајт и Инглиш Ајланд. Од овој остров се избираат двајца советници за советот на Островите Сили. Граѓанската епархија денес не функционира.
Образование
На островот постои основно образование кое е дел од Академијата на петте острови на Островите Сили (порано се нарекувало Училиште на петте острови). Учениците од средно образование се школуваат на островот Сент Мери.[4] каде и престојуваат за време на работните денови сместени во интернат, а дома се враќаат за време на викендот.[5]
Студентите се школуваат на универзитетите на копното во Велика Британија.[6] Порано LSC (англ.Learning and Skills Council), плаќал за сместување на своите студенти на копното.[7]
Remove ads
Поврзано
- Список на потонати бродови на Островите Сили
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads