Серам
главен остров на Молучкиоте Острови во Индонезија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Серам (индонезиски: Pulau Seram) — најголем и главен остров во покраината Малуку во Индонезија. Се наоѓа веднаш на север од помалиот остров Амбон и други соседни острови како Сапаруа, Харуку, Нуса Лаут и архипелагот Банда.
Remove ads
Географија и теологија
Низ островот минува централен планински венец чија највисока планина Бинаја (3.027 м) е покриена со густи дождовни шуми. Местото има извонредно сложена геологија бидејќи се наоѓа на спој од неколку тектонски микроплочи, опишан како „едно од тектонски најсложените места на светот“.[1] Плочата на која лежи Серам се свртила за 80° во последите 8 милиони години[2] од релативно побрзото движење од микроплочата на Папуа. Заедно со северно насоченото туркање на Австралиската Плоча, ова е одговорно за издигањето на високите планини во северно-централниот дел на островот. На серам има важни карстни подрачја. Во планините кај Савај е пештерата Хату Сака, најдлабока во Индонезија (-388 м). Во округот Танивел на северниот брег тече понорницата Сапалева, една од најголемите подземни реки на светот.[3][4][5]
Населението на островот и соседните мали острови во 2020 г. броело 773.459 жители.[6] Поделено е на три намесништва (kabupaten) — Централно Малуку (204.907 жители на самиот Серам[7] и 218.185 на помалите острови, највеќето од островот Амбон), намесништвата Западен Серам и Источен Серам.[8]
Remove ads
Екологија
Островот Серам е исклучителен по ендемизмот на неговите птици.[9] На него има 117 видови птици; 14 видови и подвидови се ендемски: благороден, големоклун и молучки кралски папагал, виолетовотило и црвено лори, молучко какаду, серамска кукувија, ѓерданесто, свето и лазурно рибарче, серамски сколовранец, отмена овоштарка, серамска жолна, метален сколовранец и серамски медојад.[10]
Од цицачите на островот се застапени азиските глувци и австралазиските торбари како дамчестиот кускус и неколку други кускуси од родот Phalanger. Планинските делови имаат повеќе ендемски цицачи од било кое место во регионот. Тука живеат 38 видови цицачи, од кои 9 се ендемски или речиси ендемски, а неколку живеат само во планински средини. Такви се серамскиot бандикот, неколку лилјаци како молучката и серамската летечка лисица, потоа мануселскиот мозаичноопашен стаорец, серамскиот бодликав стаорец и серамскиот стаорец. Сите овие се под закана.[11]
Влекачите се мошне распространети на островите. Најголемиот и најопасен по човекот е морскиот крокодил, кој живее во крајбрежните соленикави води и речните делти; некои стасуваат во внатрешноста преку водотеци како реката Салавај. Други влекачи се амбонскиот едрен гуштер, долгоопашестата агама, кафеавата бојага, смарагдниот скинк, зелената морска желка, индонезискиот синојазичар, молучката летечка змија и геконот токе, како и разни други гекони и скинкови. Од водоземците застапени се жабата фејерварја, чаталојазичните жаби и амбонската и џиновската гаталинка.[12]
На источниот дел од островот се наоѓа националниот парк „Манусела“, кој зафаќа површина од 1.890 км2 (11 % од островот).[10]
Remove ads
Историја

Највеќето жители на централно Малуку го сметаат Серам за нивна прататковина и до денес разговорно го нарекуваат Нуса Ина (Мачјин Остров).[13][14] Во XV и XVI век Серам бил под влијание на Тернате, но под непосредна управа на Буру, вазална држава на Тернате. Првите Европејци на островот биле членовите на кспедицијата на Антонио де Абреу (како капетан) и Франсиско Сераун, кои го истражиле целиот јужен брег на Серам на почетокот на 1512 г.[15] Таму во XVI век дејствувале и португалски мисионери. На почетокот на XVII век биле отворени холандски трговски испостави, па околу 1650 г островот прешол под номинална контрола на Холандија. Султанатот Тидоре повремено поалгал право на Серам, и од 1700 до 1768 г. имал сизеренство на источниот дел на Островот. во 1780-тите Серам бил упориште на тидорскиот султан Нуку во неговиот долготраен бунт против Холанѓаните.[16] Од 1954 до 1962 г. во планинските краишта на островот се одвивале герилски борби против индонезиската држава од контрареволуционерната Република Јужно Малуку предводена од Крис Соумокил.
Административна поделба
Серам е поделен на три намесништва од покраината Малуку, макар што секоја од нив опфаќа и други помали острови во соседството на Серам.
- Западен Серам (Kabupaten Seram Bagian Barat) — сместено главно на островот Серам, но ги опфаќа и островите на запад од него — Манипа, Келанд, Боано и помалите Баби, Пуа и Марсегу. Зафаќа површина од 6.948 км2 и брои 212.393 жители (2020);[17] Главно населено место е Пиру.
- Централно Малуку (Kabupaten Maluku Tengah) — во средишниот дел на Серам и голем дел од островот Амбон (освен градот Амбон кој ја сочинува јужната половина на тој остров), островите Лејасе (Сапаруа, Харуку, Нуса Лаут) и некои помали острови, како и архипелагот Банда на југ. Седиште е Масохи. Зафаќа површина од 11.595 км2 и има 423.094 жители (2020); тука не се вбројува градот Амбон, кој административно не му припаѓа на намесништвото. Делот од намесништвото што се наоѓа на самиот Серам зафаќа 10.680 км2, и има 213.694 жители (2023).[18]
- Источен Серам (Kabupaten Seram Bagian Timur) — претежно на островот Серам, но опфаќа и помали острови на југоисток во склоп на архипелазите Гором и Ватубела. Зафаќа површина од 5.779 км2 и брои 137.972 жители (2020).[17] Главно населено место е Була. Без архипелазите Гором и Ватубела, главнината на Источен Серам зафаќа површина од 5.577 км2 и има 92.500 жители (2023).
Remove ads
Религија

Позната верска практика на Серам е анимозмот на Алфурци (или Нуаулуанци), западномеланезиски народ кои го задржале обичајот на ловење глави сè до 1940-тите.[19] Денес највеќето жители на островот се муслимани или христијани, што се должи на преобраќањето и подоцнежните доселувања. Серам бил погоден од насилниот меѓуверски судир (1999-2002) што ја зафатил покраината Малуку, што довело до илјадници обездомени лица ширум покраината.[20] Иако оттогаш Серам е мирно место, гратчињата како Масохи неформално се поделени на христијански и муслимански дел. Околу 7.000 припадници на племето Манусела се хиндуисти.[21]
Remove ads
Стопанство
Важни производи на островот се копрата, смолата, сагото и рибите. На североистокот кај Була се произведува нафта.[22]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads