Серж Ибака
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Серж Ибака (18 септември 1989 во Бразавил)[1] — конгоанско-шпански кошаркар кој настапува за екипата на Торонто Репторс во НБА и за кошаркарската репрезентација на Шпанија. Ибака бил избран од екипата на Оклахома Сити Тандер како 24-ти избор на драфтот во 2008 година, и во дресот на Оклахома Сити останал седум сезони. Ибака игра на позицијата крилен центар. Освен за Оклахома, Ибака играл и за екипите на Орландо Меџик и Торонто Репторс од НБА.
Иако е роден во Конго и настапувал за младинската кошаркарска репрезентација на Конго, Ибака официјално ја претставува Шпанија на меѓународната кошаркарска сцена. Ибака се преселил во Шпанија како тинејџер пред да настапува во НБА, и заедно со Рој Хиберт и Чарли Вилануева е еден од тројцата кошаркари кои настапувале за различни репрезентации.[2] Со шпанско државјанство се стекнал во 2011,[3] и со репрезентацијата на Шпанија освоил злато на ЕвроБаскетот 2011 и сребро на ЛОИ 2012.
Remove ads
НБА статистика
Најмногу во лигата |
Регуларен дел
Разигрување
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads