Сермерсок

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сермерсокmap
Remove ads

Сермерсок (гренландски: Kommuneqarfik Sermersooq, „место со многу мраз“) е општина во Гренланд. Општината е основата со територијалната поделба од 1 јануари 2009 година.[2] Седиште на општината е Нук, главниот и најголем град во Гренланд. Со своите 21.868 жители според податоците од 2013 година, таа е најголема општина во државата според население.[3] Општината го опфатила поранешните:[4] општина Амасалик, општина Итокортормит, општина Ивитут, општина Нук и општина Памиут.

Кратки факти Општина Сермерсок Kommuneqarfik Sermersooq, Држава ...
Remove ads

Географија

Општината се наѓа во централниот и источнио дел на државата и има површина од 531,900 km2 (205,367.7 ми).[2] Таа е втората најголема општина во државата и светот,[2] по Касуитсуп. На југ се наоѓа општината Кујалек. На запад се наоѓа Лабрадорското Море. На северозапад се наоѓа општината Кеката. На север од општината се наоѓа Североисточниот гренландски национален парк.

Населени места

На територијата на општината се наоѓаат следиве населени места:

  • Област Амасалик
    • Тасилак
    • Кумит
    • Кулусук
    • Тинитекилак
    • Сермилигак
    • Исорток
  • Област Итокортормит
    • Итокортормит
  • Област Ивитут
    • Кангилингуит
  • Област Нук
    • Нук
    • Каписилит
    • Кекертарсуатсијат
  • Област Памиут

Сообраќај

Сермерсок е една од двете општини кои се протегаат на двата брега на Гренланд. Населените места од источниот и западниот брег се поврзани со летови од Аеродромот Нук и Аеродромот Нерлерит Инат.[5] Исто така има и летови од Нук и Аеродромот Памиут на западниот брег. Меѓу населените места нема патна инфраструктура, како што е и во целата држава.

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads