Серхи Роберто

фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Серхи Роберто
Remove ads

Серхи Роберто Карницер (каталонски изговор: [ˈsɛɾʒi ruˈβɛɾtu], роден на 7 февруари 1992) — шпанкси фудбалер кој моментално настапува за ФК Барселона на позицијата централен играч за врска, но понекогаш и како дефанзивец.[2]

Кратки факти Серхи Роберто, Лични податоци ...
Remove ads

Клупска кариера

Роден во Тарагона, Каталонија, Роберто започнал да игра фудбал со локалните УЕ Бари и Сатнтес Круз на возраст од 8 години ,[3][4] пристигнa во младинската школа на Барселона шест години подоцна од соседите Гимнастик де ла Тарагона.[5] Во сезоната 2009–10, на само 17 годишна возраст, тој за првпат настапи за Барселона Б,со придонес од 22 натпревари со што тимот се вратил во втората шпанска лига, популарната Сегунда.

На 10 ноември 2010 година, Роберто го направи своето деби за првиот тим, одигра во вторато полувреме во победата против АД Сеута во сезоната 2010-11 во Копа дел Реј со вкупен реултат 7-1.[6] На 27 април следната година тој го направи својот прв настап во Лигата на Шампионите , влегувајќи како замена за Давид Виља во последната минута во победата против Реал Мадрид со 2- 0 во сезоната 2010-11 во УЕФА Лигата на шампионите.[7]

Роберто првпат се појави во Ла Лига на 21 мај 2011 година, играјќи ги сите 90 минути во 3-1 победа над Малага во 2010-11 сезона на Ла Лига во последната рунда .[8] Својот прв старт за првиот тим дојде на 6 декември истата година, против ФК БАТЕ Борисов во сезоната 2011-12 во УЕФА Лигата на Шампионите, каде што тогашниот менаџер Пеп Гвардиола ги одмори сите негови стартери за претстојните Ел Класико :натпревари, а во 35-та минута, тој го отвори резултатот со погодок во победата од 4-0 на домашен терен.[9]

Во само својот трет официјален настап за првиот тим на Барселона, на 12 јануари 2012 година, Роберто го постигна својот втор гол, помагајќи на Барселона да ја победи Осасуна со 2-1 во сезоната 2011-12 во Копа дел Реј.[10] На 16 декември 2014 година, исто така, во Копа дел Реј конкуренцијата, тој го постигна својот трет, придонесувајќи за 8-1 и демолирање на СД Уеска на Камп Ноу .[11]

Во сезоната 2015-16 во Ла Лига, откако ќе биде прекумерен од страна на менаџерот Луис Енрике за само месец дена тој станал вишок на барањата,[12][13] Роберто се појавил подоцна како десен бек во неколку натпревари.[14][15] Во два последователни натпревари против ФК Атлетик Билбао во јануари 2016 година, еден во Ла Лига , а другиот во Копа дел Реј , тој настапил од другата страна на бековската линија на местото на повредениот Жорди Алба,[16] но се случува да сигра во дури седум различни позиции[2]

На 20 август 2016 година, Роберто започна како десен бек и обезбеди две асистенции во победата со 6-2 дома против ФК Реал Бетис во првиот натпревар во сезоната 2016-17.[17] На 24 септември, на истата позиција, тој повторно придонесе со две асистенции во победата од 5-0 против ФК Спортинг Хихон .[18]

На 8 март 2017 година, Роберто го постигна конечниот гол за Барселона во 95 минута, како дел од победата од 6-1 против ФК Париз Сен Жермен во реваншот од УЕФА Лига на Шампиони , што ја направи Барселона првиот клуб во историјата што надокнадила четири гола дефицит во конкуренција.[19][20]

Remove ads

Репрезентативна кариера

Роберто го направи своето деби за репрезентацијата под 21 година на 5 септември 2011 година, каде што ги одигра последните четири минути со победа од 2-0 во Луго над Грузија за УЕФА Европското првенство 2013 под-21 квалификациите. [22] Тој својот прв повик за најдобриот шпански тим го доби во март 2016 година, за пријателските натпревари против Романија и Италија. [23] Неговиот деби се одржа во натпреварот против Романија,со ремито 0-0 во Клуж-Напока. [24]

Thumb
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads