Фудбалска репрезентација на Италија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фудбалската репрезентација на Италија ја претставува Италија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалска федерација на Италија (FIGC). Својот прв натпревар репрезентацијата го одиграла во 1910 година, кога во Милано ја победиле Франција со 6-2.
Италијанската репрезентација е една од најуспешните репрезентации во историјата на Светските првенства со четири освоени титули (1934, 1938, 1982, 2006) - само една помалку од Бразил - две финалиња (1970, 1994), трето место (1990) и едно четврто место (1978). Во 1938, тие станале првата репрезентација која успеала да ја одбрани титулата на Светските првенства, и по паузата поради Втората светска војна, ја задржале титулата цели 12 години. Италија исто така претходно освоила два Средноевропски купа (1927–30, 1933–35) и Олимпискиот фудбалски турнир (1936). Откако поголемиот дел од репрезентативците ги загубиле животите во авионска несреќа во 1949 година, тимот не напредувал понатаму од групната фаза на следните два турнира на Светското првенство, а исто така не успеале да се квалификуваат за изданието во 1958 година - неуспех што не се случил повторно сè до изданието во 2018 година. Италија се вратила во форма дури кон крајот на 1960-тите години, кога го освоиле Европското првенство (1968), нивна досега единствена титула на ова натпреварување на кое имаат уште две финалиња (2000, 2012). Италија исто така има настапувано и на Купот на конфедерации, каде најдоброто место го забележале во 2013 година кога завршиле како трети.
Италијанската репрезентацијата настапува во сини дресови и бели шорцеви. Поради тоа имаат прекар Azzuri (превод на мак. светлосини). Италија има голем број фудбалски соперништва, а меѓу најпознатите се оние со Бразил, Германија, Франција и Шпанија. Исто така, Италија досега неколкупати била водечка репрезентација на Ранг-списокот на ФИФА, а последен пат во периодот јули-август 2006.
Remove ads
Настапи на турнирите
Настапи на Светските првенства
Настапи на Европските првенства
УЕФА Лига на нации
Настапи на ФИФА Купот на конфедерации
Remove ads
Играчи
Моментален состав
Статистика на играчите
Активни репрезентативци
Играчи со најмногу настапи
Последна промена 8 септември 2019.[17]
Играчи со најмногу постигнати голови
Последна промена 8 септември 2019.[18]
- Лујџи Рива
- Џузепе Меаца
Remove ads
Натпревари против други репрезентации
- против Англија
- против Аргентина
- против Бразил
- против Германија
- против Уругвај
- против Франција
- против Холандија
- против Хрватска
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads