Сестринска република

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сестринска република
Remove ads

Терминот Сестринска република (француски: république sœur) се однесува на марионетските држави (со републиканаско уредување) основани во Средна Европа и на Апенинскиот Полуостров од страна на француските војски или од месни револуционери претежно во периодот меѓу 1797 и 1799 година. Тие биле поддржувани од Првата Француска Република за време на Француските револуционерни војни. Овие републики, иако официјално независни, за своја заштита во голема мера се потпирале на Франција, и повеќе сличеле на автономни територии отколку на независни држави. По прогласувањето на Француското Царство неколку од овие држави биле анектирани од Франција, а останатите биле претворени во монархии управувани од членовите на семејството Бонапарт.

Thumb
Цртеж од 1799 година, на кој се прикажани прускиот, рускиот и австрискиот владател кои гледаат како републиките никнуваат како печурки околу Франција, ширејќи се кон другите европски престолнини.
Remove ads

Историја

Француската револуција бил период на општествени и политички пресврти во Франција од 1789 до 1799 година. Републиканците кои ја собориле монархијата биле водени од идеалите за народен суверенитет, владеење на правото и претставничка демократија. Републиканците усвоиле идеи и вредности од филозофиите на вигизмот и на просветителството. Француската Република го поддржала ширењето на републиканските принципи низ Европа, но повеќето од овие сестрински републики станале средство за контрола на окупираните земји како клиентски режими.[1]

Thumb
Франција и сестринските републики во 1798 година.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads