Сиваспор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сиваспор е турски фудбалски клуб од градот Сивас. Во моментов се натпреварува во Суперлигата на Турција, највисокото фудбалско ниво во оваа земја.
Клубот е основан во 1967 година, а за првпат промоција во најсилната фудбалска лига во Турција избориле во сезоната 2005-2006. Набргу потоа, дошле и најуспешните години во историјата на клубот, кога тие се бореле за титулата во Суперлигата во две последователни сезони (2007–2008 и 2008–2009), на крајот завршувајќи четврти и втори соодветно. Тие, исто така, го освоиле четвртото место и на крајот од сезоната 2019–2020; во сите овие сезони првата половина од лигата ја завршиле на врвот на табелата. Сепак, за најголем успех во историјата на Сиваспор досега се смета освојувањето на Купот на Турција во сезоната 2021-2022, што е и единствената поважна титула на клубот.
Својте домашни натпревари Сиваспор ги игра на Новиот стадион 4 септември во Сивас. Традиционалната опрема на клубот се дресовите во црвено-бели пруги и црвени шорцеви.
Remove ads
Играчи
Моментален состав
2023/24.[2]
Remove ads
Титули
- Прва лига на Турција : 2
- 2004–2005, 2016–2017
- Куп на Турција : 1
- 2021-2022
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads