Сив сокол

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сив сокол
Remove ads

Сиви сокол (науч. Falco peregrinus) — птица од на соколите, најбрзата птица, а воедно и живо суштество на планетата. Се храни со птици, најчесто гулаби, патки, сколовранци и сл. Во својот добро познат пад од небото постигнува фантастична брзина од 320 км/ч. Во Северна Америка измерена е брзина од дури 389 км/ч. Својот плен го лови исклучиво во воздух. Мажјакот кај сивиот сокол, како и кај повеќето птици-грабливки е 1/3 помал од женката. Својата сива боја ја добива по една година возраст, претходно младите се темнокафени.

Кратки факти Сив сокол, Научна класификација ...
Thumb
Falco peregrinus
Thumb
Falco peregrinus madens

Во Македонија се среќаваат два подвида: F.P. peregrinus или номиналниот подвид и средоземниот подвид, нешто помал - F.P.brookei.

Се гнезди во дупки на непристапни карпи. Како и сите останати соколи никогаш не прави гнездо, туку користи стари напуштени гнезда од гаврани, или, пак, едноставно ги несе своите јајца на карпата. Во гнездото обично несе од 3 до 4 јајца, во зависност од пристапот до храна. По 38-42 дена инкубација воглавно од страна на женката, се испилуваат малите сосема беспомошни соколчиња.За да излетаат од гнездото потребни се 40 дена. А за да станат неприкосновени ловци како своите родители, потребни се уште наредни 40 дена. Важно да се напомене е тоа дека само 1/3 од младите соколи успеваат да ја преживеат првата зима.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads