Силамае

From Wikipedia, the free encyclopedia

Силамае
Remove ads

Силамае (естонски: Sillamäe, германски: Sillamäggi) — град и општина во северниот дел на Естонија, со население од 16.183 жители според податоци од 2010 година, и зафаќа површина од 10,54 км2[1]. Градот се наоѓа во округот Ида-Виру. Низ градот поминува реката Сотке.

Кратки факти Силамае, Земја ...
Remove ads

Историја

Првото споменување на Силамае е во 1502 година, кога териториите биле уште под влијание на Ливонскиот ред[2]. Германизираната верзија на името на градот било Силамјаги. Во 1700 година во реонот веќе бил изграден мост и мелница.[3]. Во тоа време границите на населбата ги вклучувале и територијата на Вајвара. Дури во 1849 година Силамае се одвоил како посебна населба. Во 19 век Силамае претставувало туристичко место, каде со години летувале личности како Петар Илич Чајковски, Иван Петрович Павлов, Константин Балмонт, Паул Еренфест и други[4].

Во почетокот на XX век населбата започнала брзо да се индустријализира. Во 1928 година шведска компанија изградила во реонот фабрика за преработка на битуменозни шкрилци, кои претходно на истото место извлечиле електроцентрала. Населението на Силамае било 2.600 лица до 1940 година. За време на Втората светска војна Германија изградила неколку логори околу населбата, додека затворениците работеле во рудниците. По повлекувањето на германските сили од регионот, била уништена фабриката и електроцентралата.

Во 1946 година била донесена одлука за изградба на голема металургиска фабрика за преработка на руда, со цел да се добијат ураниумови оксиди[5][6][7]. Во следните години овде работеле голем број на воени заробеници. Во 1952 година рудникот бил затворен и започнал увоз од Чехословачка, Источна Германија, Унгарија, Полска и Романија.[8].

Во 1957 година Силамае добил статус на град. Во 1970 година фабриката започнала да произведува тантал и ниобиум со руда увезени од Колскиот полуостров. Во 1982 година фабриката веќе произведува збогатен ураниум, погоден за употреба во јадрени реактори. Отпадот од ураниевото производство било исфрлувано директно во Блиското Езеро. Поради овој факт до 1990 година езерото претставувало сериозна еколошка закана, бидејќи отпадните води се цеделе во Балтичко Море.[9]. Наскоро започнал проект за расчистување на отпадните материи. Силамае имал статус на затворен град од 1947 до 1991 година поради производството на ураниум.

Remove ads

Стопанство

Развојот на градот се должи на фабриката за преработка на ретки метали - „Molycorp Silmet AS“. Во моментов тој е еден од главните светски производители на ниобиум и тантал. Други ретки елементи, кои се произведуваат тука се лантан, цериум, празеодиум, неодим и други.

Население

Повеќе информации Етничка група, arv ...

Образование

Основни училишта:

Средни училишта

  • Sillamäe Gümnaasium (поранешно училиште бр. 4)
  • Sillamäe Kutsekool (стручно)

Високи училишта

  • Институт за економија и менаџмент

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads