Симаргл

From Wikipedia, the free encyclopedia

Симаргл
Remove ads

Симаргл (Семаргл) познат и како Огнебог (Бог на огнот) е старословенски бог на огнот и на месечината, заштитник на семињата и посевите, истерувач на зимата и најавувач на пролетта. Најчесто е претставен во облик на крилест пес, но постојат многу разновидни стилизирани прикази со неговиот лик.

Thumb
Претстава на Симаргл од белезица,12-ти или 13 век

Особености

Најчесто е претставен во облик на крилест пес, но постојат многу разновидни стилизирани прикази со неговиот лик. Огнот, старите Словени го поврзуваат со настанокот на луѓето. Според некои верувања, боговите прво ги создале мажот и жената од две борини меѓу кои се разгорел оган, првиот пламен на љубовта. Симаргл е во постојана борба против злото. Симаргл е бог со локален карактер[1]. Помалку е познат, но постојат податоци дека бил почитуван и меѓу Македонците. Карактеристичен пример е релјефната плоча поставена над влезната врата на Св. Никола во Нир, во Шишевскиот манастир над езерото Матка кај Скопје на која покрај другите симболи е претставен и Симаргл.

Remove ads

Потекло на поимот

Според името многу е тешко да се одреди својство на ова словенско божество, посебно што името е многу различно забележано и сите тврдења за ова божество се само хипотези. Леже тврди дека етимологија на името (ако се чита споено или одвоено) во словенските јазици нема никаква смисла и дека станува знор за некакво туѓо божество.[2] Но, С. Василев предлага следно етимолошко толкување:зборот Симар'гл, Симарьгль да се анализираат како Сима - и рьгль, како што спомениците често ги наведуваат. Вториот дел на зборот рьгль го доведуваме во врска со коренот рьд, ргы - што е глаголот рга, кој во словенските јазици може да значи: кида, работи премногу, трга, гони; накратко, по Василев таа анализа дава оправдување на идејата дека станува збор за божеството што ја брка зимата.[3] Според етимологија на Симаргл му се припишува иранско влијание: се поврзува со лрилестото персиско чудовиште со кучешка глава Сенмурв / Симург (на персиски = крилато чудовиште, птица од бајките)[1].

Симаргл најчесто се поврзува со персиското божество Симург кој, исто така, се претставува во облик на крилест пес, со глава од грифон.

Remove ads

Библиографија

1. http://www.dazzle.ru/spec/bogi-13.shtml.; http://ru.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B3%D0%BB.

2. Никос Чаусидис. Митските слики на Јужните Словени. Скопје: Мисла, 1994.

3. Симаргл. http://www.simargl.com.mk/Simargl_mk.html Архивирано на 1 февруари 2009 г..

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads