Симеон ІІ
бугарски владетел и политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Симеон ІІ (Симеон Сакскобургготски) — бугарски политичар и цар на Бугарија од 1943 година.
Remove ads
Биографија

Роден е на 16 јуни 1937 во Софија како прв син и престолонаследник на Цар Борис III и царица Јоана. Престолот го наследува по смртта на татко му, но поради малолетноста во негово име управува регентскиот совет. Откако во 1946 г. монархиjата во Бугариjа е укината после референдум на комунистите, регентскиот совет е осуден на смрт, а царското семејство емигрира во Египет, кај дедото на Симеон - поранешниот италијански крал Виктор Емануел. Во 1951 г. Симеон заминува во Шпанија, каде живее до 2001 г. Женет е за шпанската благородничка Маргарита Гомес-Асебо и Сехуeла (ќерка на маркиз и далечна роднина на крал Хуан Карлос). Симеон има четири синови и една ќерка.
Во 2001 г. во Бугариjа го основа Националното движење "Симеон Втори" (НДСВ). НДСВ ги добива парламентарните избори во јуни 2001 г. и Симеон Сакскобургготски ја формира коалиционата влада на НДСВ и ДПС. Тој е премиер на Бугариjа до 16 август 2005 г.
![]() | Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads