Синсинати

град во Охајо, САД From Wikipedia, the free encyclopedia

Синсинатиmap
Remove ads

Синсинатиград во американската држава Охајо и седиште на округот Хамилтон во управната поделба на таа државата.[9] Се наоѓа на устието на реките Ликинг и Охајо, а втората е исто така и граница со Кентаки. Со население од приближно 300.000 жители (според податоците од 2019 година), Синсинати е трет по големина град во Охајо, а пошироката метрополитенска област, која ги вклучува и окрузите во соседните Кентаки и Индијана, брои над два милиони луѓе, што го прави најголемата урбана област во Охајо.[10]

Кратки факти Синсинати, Земја ...

Познат е како економско и културно средиште на областа, со разновиден производствен и услужен сектор, големо пристаниште за јаглен и близина на меѓународен аеродром. Синсинати е дом на една од најстарите оперски куќи во земјата, симфониски оркестар и неколку високообразовни установи, вклучувајќи го и месниот универзитет.[11]

Првите потомци на европските доселеници се населиле во областа на денешен Синсинати во 1788 година, а Форт Вашингтон бил изграден следната година. На почетокот на 19 век, тој станал важен како речно пристаниште, добивајќи го прекарот „Поркополис“ поради неговата брза активност за пакување свинско месо. Во годините пред Американската граѓанска војна, таму живееле голем број германски и ирски имигранти. Историски поврзан со Југот, брзо се развил по војната како раскрсница за трговски патишта помеѓу Северот и Југот. Во 1937 година, силна поплава ги опустошила низинските области, што довело до изградба на брани за поплави. Од 20 век, има зголемување на процентот на црно население и тренд на миграција од внатрешниот градски регион кон предградијата. [11]

Синсинати е родно место на Вилијам Хауард Тафт, 27-миот претседател на Соединетите Американски Држави, и има јавна уметничка збирка што му е нему посветена. Куќата на Хариет Бичер Стоу, која живеела тука некое време, е исто така отворена за јавноста.[11]

Remove ads

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads