Свети Евстахиј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Евстахиј (холандски: Sint Eustatius) или Свети Евстатиј или Статија[2] — остров во Карипското Море и јавно тело на Карипска Холандија.[3] Островот се наоѓа во Западните Инди, јужно од Девствените Острови, северозападно од Свети Кристофер и Невис и југоисточно од Саба. Главен град на Свети Евстахиј е Орањестад.
- За други значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Островот има површина од 21 км2 со население од 2.292 жители. Службен јазик на островот е холандскиот, а признаени се и папијаменто и англискиот. До 10 октомври 2010 г. островот бил дел од Холандските Антили, но со распадот на истите островот го добил новиот статус на јавно тело, што е нешто како специјална општина во рамките на Кралството.
Наречен е во чест на римскиот маченик Св. Евстатиј Плакида (I-II век).
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads