Синхалски јазик

јазик на Синхалците во Шри Ланка From Wikipedia, the free encyclopedia

Синхалски јазик
Remove ads

Синхалскиот (සිංහල siṁhala /ˈsiŋɦələ/), или понекогаш наречен синхалезиски, е индоариски јазик, од групата на индоирански јазици од семејството на индоевропски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Синхалите, доминантната етничка група на Шри Ланка. Синхалскиот е национален и службен јазик на Шри Ланка. На Шри Ланка околу 16 милиони Синхали го зборуваат како мајчин јазик, а како втор јазик го зборуваат околу 3 милиони луѓе.[2] Синхалскиот се пишува на синхалска азбука. Најсроден на синхалскиот јазик е малдивскиот, но не се меѓусебно разбирливи. Двата јазика ја сочинуваат подгрупата островски индоариски јазици од групата на јужни индоариски јазици.

Кратки факти Синхалски јазик, Застапен во ...
Remove ads

Етимологија

Зборот 'sinhala' потекнува од санскритскиот јазик, што пак одговара со средно индоарискиот поим 'Sīhala'; всушност 'синхала' е 'хела' или '(h)eḷu'. Двата поима го содржат зборот 'simha' или 'sīha' што значи „лав“.[3] Според легендата, Синхабаху бил син на принцезата од Ванга и еден лав. Тој го убил неговиот татко и станал крал на Ванга. Неговиот син, Виџаја ќе пребегне од северна Индија во Ланка.[4] Зборот 'la' се поврзува со значањето “обзема, зграпчува“,[5] па така целосното име во слободен превод би било „фаќач на лав“ или „убиец на лав“. Сепак нема цврсти докази за ова, освен за поимот „лав“.

Remove ads

Развој

Развојот на синхалскиот јазик е поделен на 4 етапи:

  • синхала пракрит (до 3 век)
  • прасинхалски (3 - 7 век)
  • средновековен синхалски (7 - 12 век)
  • современ синхалски (12 век - денес)

Фонологија

Повеќе информации уснени, забно/ алвеоларни ...
Повеќе информации предни, централни ...
Кратки факти

Наводи

Поврзано

Дополнителни информации

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads