Сириска Пустина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сириска Пустина
Remove ads

Сириската Пустина (арапски: بادية الشام, Bādiyat ал-Shām), исто така позната и како Сириска Степа, Јорданска Степа, или Бадија — регионот на пустината, полупустината и степата која опфаќа 500,000 квадратни километри (200,000 квадратни милји) на Блискиот Исток, вклучувајќи делови од југоисточна Сирија, североисточен Јордан, северниот дел на Саудиска Арабија, и западен Ирак. Опфаќа околу 85% од површината на Јордан[1] и 55% од Сирија.[2] На југ се граничи и се спојува со Арабиската Пустината.[3][4]

Кратки факти Земја ...
Remove ads

Локација и назив

Пустината на запад се граничи со долината Оронт и со вулканската област Харат ал-Шамах, а на исток со Еуфрат. На север, пустината има поплодни области со трева а на југ навлегува во пустините на јужниот дел на Арабискиот Полуостров.[5]

Некои извори ја изедначуваат Сириската Пустина со "Хамад Пустината",[6] додека други називот Хамад го ограничуваат на јужниот дел на централната висорамнина,[7] а неколку сметаат дека Хамад е целиот регион а Сириската Пустина само северниот дел.[8]

Неколку делови од Сириската Пустина се сметаат за посебни, како Палмирската пустина околу Палмира и пустината Хомс. На источниот дел на Сириската Пустина, оној во рамките на границите на Ирак, можат да бидат наведени (во ирачки контекст) како Западна Пустина.[9][10] Називот Шамија исто така се користи за Сириската Пустина.[11] Името во минатото било преведено и како Бадијат ал-Шам (или Бадијат аш-Шам)[12]

Remove ads

Географија

Thumb
Приказ на Сириската Пустина.

700 до 900 метри високиот регионот во средината на пустината е висорамнината Хамад, прилично рамна, камена полупустина која се состои од варовник прекриен со чакал. Највисоките врвови на висорамнината се оние над 1000 метри: Хавр ум Вуал во Саудиска Арабија, и 960 м високиот Џебел Анејза, на тромеѓето помеѓу Јордан, Ирак и Саудиска Арабија.[13]

Заедно со другите пустините на Арапскиот Полуостров, пустината Хамад е опишана како една од најсувите пустини на светот.[14]

Remove ads

Див свет

Некои од растенијата во Сириската Бадија се Salsola vermiculata, Stipa barbata, Artemisia herba-alba и Atriplex leucoclada.[4] Овој пустински екосистем е под закана од суша, претераното пасење, ловот и другите човекови активности. Некои локални животни не живеат на оваа областа и многу растителни видови угинале, и на нивно место никнале треви со пониска хранлива вредност за добитокот.[15]

Од Сириската Пустина потекнува златниот хрчак.[16] Штркови, чапји, жерави, патки, како и раптори исто така се посетители на сезонските езера. Чести се и малите глодачи, како и нивните грабливци како змии, скорпии и пајаци. Претходно вообичаени животни тука биле газелата, волкот, чакалот, лисицата, мачката и каракалот, исто така, нојот, леопардот, антилопата и дивото магаре. Големи цицачи повеќе не можат да се најдат, и се смета дека тоа се должи на неконтролиран лов од страна на човекот.

Историја

Древна

Thumb
Палмира бил важен трговски центар се наоѓа во Сириската пустина

Пустината историски била населена со бедуински племиња, а многу од племињата уште живеат во регионот, главно во градовите и населените места изградени во близина на оазите. Некои од Бедуините сè уште го одржуваат нивниот традиционален начин на живот во пустината. Сафаитички натписи, староарапски текстови напишани од страна на писмените Бедуини, се наоѓаат низ Сириската Пустина. Овие датираат приближно од првиот век п.н.е до четвртиот век.

Една од најважните антички населби во Сириската пустина е Палмира. Првпат споменат во вториот милениум п.н.е, градот бил важен трговски центар во Римско време а неговите луѓе биле познати трговци, кои ја искористи предноста на својата стратешка позиција на патот на свилата кој ги поврзува Далечниот Исток и Средоземното Море, оданочувајќи го преминот на караваните, формирајќи колонии на патот на свилата, и тргувајќи со ретки стоки од Далечниот Исток, што донесувало огромно богатство на нивниот град. Градските луѓе биле комбинација на Арамејци, Аморити и Арапи.

Друг важен антички град е Дура-Еуропос на Еуфрат. Првично тврдина,[17] , бил основан од страна на Селевкидската Империја со името Дура, што значи "Тврдина",[18] но бил наречен Еуропос од страна на Грците,[18]. Комбинацијата Дура-Еуропос потекнува од поново време изум. Градот просперирал, главно заради неговата локација на Еуфрат, значајно поврзувајќи ја Месопотамија и Медитеранот, па така играл огромна улога како во комерцијалните така и воените врски помеѓу двата региони. Тој бил разрушен од страна на Сасанидскиот император Шапур I во 250 година.

Модерна

Thumb
Бедуини во Сириската пустина

Пустината за првпат била помината со моторно возило во 1919 година.[17] Во текот на Ирачката Војна, пустината служела како главна снабдувачка линија за ирачкиот отпор. Ирачкиот дел на пустината било основно упориште на сунитскиот отпор, особено кога Коалицијата го заземала Фалиџа за време на Втората битка за Фалуџа. Серијата на коалициските воени операции била релативно неефикасна во отстранување на присуството на отпорот во пустината. Како отпорот почнал да се здобива со контрола на околните места, портпаролот на коалицијата ја истакнал важноста на Сириската пустина, како центар на операциите. Сириската Пустина останала една од основните правци за криумчарење опрема, поради нејзината локација, во близина на сириската граница. Од септември 2006 година отпорот добил контрола на речиси цел Анбар и поголемиот дел од своите сили, опрема и водачи ги преселил понатаму на исток кон контролираните градови на отпорот во близина на реката Еуфрат.[19]

Remove ads

Економија и земјоделство

Со слаби врнежи од дожд и слаб квалитет на почви, денес регионот пред сè се користи за добиток. Бедуините, од кои многумина уште се номадски, одгледуваат околу дванаесет милиони овци и кози тука, како и помал број на камили.[20]

Меѓународниот Фонд за Рурален Развој има за цел да ја ублажи руралната сиромаштија а во 1995 година, во соработка со Сириската влада, започнал проектот за рехабилитација на над милион хектари деградирани површини во Сириската Бадија. Во некои области, кога пасењето било ограничено, спонтано се вратиле многу од автохтоните растенија. Во други области, кои биле посилно деградирани, пасиштата имале ограничувања и биле наново садени со сточни видови храна. Кога проектот завршил во 2010 година, речиси една четвртина од еден милион хектари биле обновени и речиси сто илјади хектари биле засадени со автохтона сточна храна.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads