Сител
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сител — еден од првите приватни комерцијални ТВ-станици во Македонија. Започнал со емитување на сопствена програма на 17 септември 1994 година. Сител е медиум со претежно забавен општ формат.[1] Претежно програмата се состои од таканаречени турски серии синхронизирани на македонски јазик, но се прикажуваат и други серии, како и програма од македонско производство: „Качамак“, „Брза кујна“, „Сè или ништо“, „Листа за 300“ и други. Исто така има информативна програма, која до денес прикажува централен дневник во 19:00 часот.[2][3]
На 1 јули 2008 година, Сител телевизија ја пуштила и својата сателитска програма, телевизија Сител 3, а на 20 јуни 2013 година, вториот канал, Сител 2, кој бил регионален канал и можел да се прикажува само во областа на Кратово, Куманово и Крива Паланка. И двете сестрински канали не се активни.
Remove ads
Домашна програма
Емисии
- Ја сакам Македонија
- Качамак
- Се или нешто
- Мерак меана
- Брза кујна
- Листа за 300
- Шоу Магазин
- Детектор
Телевизиски серии
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads