Сицилиски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сицилискиот (изворно: lu sicilianu или siculu; италијански: language siciliana) е јазик од романското семејство. Се говори на островот Сицилија и помалите околни острови, во јужна Калабрија (каде се нарекува јужнокалабриски), во јужните делови на Апулија, Саленто (каде се нарекува салентски) и во Кампанија, каде се нарекува чилентски (Gordon, 2005). „Етнолог“ го опишува сицилијанскиот како „достатно различен од литературниот италијански за да се смета за посебен јазик“ (Gordon).
Remove ads
Говорници
Денес јазикот го говорат највеќето жители на Сицилија, како и иселеништвото низ светот, особено во САД, Канада, Австралија и Аргентина. ВО последните две до три децении, голем број на сицилијанци се преселиле во индустриските подрачја во северна Италија и остатокот од Европската Унија, особено во Германија.
Сицилискиот нема службен статус никаде, па дури ни во Сицилија и нема установа што го регулира. Најблиску до надлежност за јазикот е Центарот за сицилиски филолошки и лингвистички изучувања (Centro di studi filologici e linguistici siciliani) во Палермо, кој го истражува јазикот и објавува лингвистички дела уште од неговото основање во 1951 г.[1]
Автономниот регионален парламент на Сицилија има донесено законски уредби за изучување на сицилискиот јазик во сите училишта, но реализацијата досега е мошне бавна (Cipolla, 2004).
Јазикот официјално се признава во општинските статути на сицилиските градови како Калтаџироне[2] и Грамикеле,[3] каде се прогласува „неотуѓивата историска и културна вредност на сицилискиот јазик“. Предвидена е и заштита и промовирање на јазикот согласно Европската повелба за регионални и малцински јазици (ECRML), но италијанскиот парламент досега не го има потврдено предлог-законот.[4]
Во разните сицилиски заедници во САД и Канада (особено во Монтреал), јазикот е зачуван и се изучува во семејството и преку културни и фолкорни друштва и црковни организации, а постојат и друштвени групи на интернет.[5][6][7]
Remove ads
Име на јазикот
Името на јазикот доаѓа од најголемиот древен староседелски народ на Сицилија наречен Сикули, кој живеел на островот пред доаѓањето на Грците во VIII век п.н.е..
Дијалекти
Како и другите јазици, сицилискиот има свои дијалекти, што припаѓаат на следниве наречја (Gordon и Bonner 2001):
- западно - во Палермо, Трапани, среднозападно Агриџенто)
- централно - во средниот дел на Сицилија, што опфаќа извесни делови од покраините Калтанисета, Месина, Ена, Палермо и Агриџенто)
- југоисточно - во покраината Рагуза и соседното подрачје од покраината Сиракуза)
- енско (Ennese) - во покраината Ена
- источно - во подрачјето на Катанија (втор град по големина на Сицилија) и соседното подрачје од покраината Сиракуза)
- месинско (во покраината Месина)
- липарско или еолско - на Липарските (Еолски) Острови)
- пантелериско (на островот Пантелерија)
- јужно- и среднокалабриско (Calabrese) - јужниот и среден дел на Калабрија, вклучувајќи ги покраините Реџо Калабрија, Вибо Валентија, Катанѕаро иа најголемиот дел од Кротоне)
- јужноапулско (Pugliese или Salentino) - полуостровскиот дел на Апулија)
- чилентско (Cilentano) - во подрачјето на Чиленто во Кампанија)
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads