Скандинавскоромски јазик
мешан јазик од ромски и скандинавските јазици From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Скандинавскоромски (шведски: romani, норвешки: romani, скандинавскоромски: romani rakripa[2] или tavringens rakripa[3][б 1]), познат и како норвешкоромски,[4] таврингерскоромски,[5] татерски јазик,[6] и данскоромски,[7] — мешан јазик кокшто настанал со јазичен допир на ромски и скандинавските јазици. Јазикот го говорат Скандинавските Роми во Норвешка (околу 100–150 постари лица)[1] и порано во Шведска. Скандинавскоромскиот користи речник на деклинирани зборови од ромскиот јазик. Сепак, голем дел од првобитната ромска граматика била изгубена и неговите говорници денес зборуваат шведски или норвешки.
Нема стандардизиран облик на скандинавскоромскиот јазик, така што постојат разлики во речникот, изговорот и употребата на зборови од говорник до говорник. Во печатен облик, скандинавскоромските зборови често се запишани со шведски (S) или норвешки (N) букви (ä, æ, ø, å), како и комбинации од букви за ознака на ромските гласови, како на пример tj- (/ɕ/) или kj- (/ç/ или /tʃ/) за ознака на ромската буква č /tʃ/ или čh /tʃʰ/. Некои примери на скандинавскоромски правопис се: tjuro[8] (S) / kjuro[3] (N) со значење „нож“; gräj[8] (S) / grei[3] (N) со значење „коњ“.
Remove ads
Поврзано
Белешки
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads