Скачковски манастир
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Скачковски манастир — манастир во северниот дел на Македонија, во селото Скачковце.
Remove ads
Местоположба
Манастирот се наоѓа јужно од селото, на рид над селото, каде и во минатото имало крст кај кој се собирале селаните на собор.[1] До манастирот води асфалтен пат, кој завршува со голем манастир во подножјето на ридот, од каде водат скали до самиот врв на ридот.[2]
Манастирскиот комплекс зафаќа површина од 20 хектари, уредени со патеки, места за седење, фонтана, мала зоолошка градина и игралиште за деца.[3]
Remove ads
Градби
Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, камбанарија, параклис, 12-метарски крст подигнат во 1996 година, библиотека, чешма, конаци, споменици на Пресвета Богородица и Свети Климент Охридски, 3-метарско велигденско јајце и помошни објекти.[3]
Црква „Св. Троица“
Оваа црква е подигната заедно со целиот манастир во 2000 година.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Оваа црква започнала да се гради во 2021 година.[4]
Конаци
Манастирот поседува нови конаци.
Remove ads
Историја
Местото на кое е подигнат манастирот е познато како крстно место во селото. Како светилиште постои од XIII век.[3]
Манастирот е изграден од познати вевчански мајстори по повод 2000 години од христијанството и осветен во 2001 година. Денес, во него се вршат крштевки, венчавки и молитви. Манастирот годишно го посетуваат над 5.000 ученици.[3]
Како ктитор на манастирот се јавува прота Стојан Пајковски.[3]
Галерија
- Камбанаријата
- Летниковец
- Фурна
- Молитвен простор
- Летниковци
- Конак
- Помошен објект
- Чешма
- Влезната порта
- Печка
- Споменик
- Споменик на Свети Климент Охридски
- Споменик на Богородица
- Велигденско јајце
- Поглед на манастирскиот двор
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
