Скијачка патека
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Скијачка патека е специјално подготвена и означена снежна површина, патека, или планинска удолница наменета за скијање.[1]
Одржување
Патеките обично се одржуваат со помош на возила познати како снеготапкачи кои го набиваат или „ дотеруваат“ снегот за да се изедначат условите на патеката, за да се отстранат тумбите и да се прераспредели снегот со цел за да се продолжи скијачката сезона. На почетокот од сезоната или кога снежната покривка е мала кон природниот снег честопати се придодава и вештачки снег со машини за правење снег.
Remove ads
Рангирање
Обично, оценувањето на скијачките патеки го врши одморалиштето, а оценките се во однос на другите патеки во истото одморалиште. Така, патеките не се класифицирани според независен стандард и скијачите треба да бидат претпазливи.
Стрмнината на скијачките патеки обично се мери во степени (како процент) а не со степени од агол. Општо земено, падините за почетници (зелен круг) се помеѓу 6% и 25% степени. Средните падини (син квадрат) од 25% до 40%. Тешките падини (црн дијамант) се над 40%. Патеката се оценува според нејзиниот најтежок дел, иако остатокот од патеката може да е полесен. При оценувањето одморалиштето може да ја земе предвид ширината на патеката, најострите свијоци, грубоста на теренот и дали патеката е редовно уредена.
Европа
Скандинавија
Во Норвешка, Шведска [2] и Финска,[3] се користи сличен систем на бои како и во остатокот од Европа, но со различни форми.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads