Скрипец (разбој)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Скрипец (разбој)
Remove ads

Скрипец[1][2], обично во множина скрипци — дел од разбојот преку кој со врвки се споени ништелките, вообичаено по два скрипци за пар ништелки. Ништелките од своја страна се поврзани со подношките и нагазувањето на една од подношките предизвикува повлекување на поврзаната ништелка надолу. Од своја страна, повлечената ништелка надолу, преку скрипците предизвикува придвижување на втората ништелка нагоре и со тоа ствара зев каде се вметнува јатокот. Потоа постапката се повторува со втората подношка која ја повлекува втората ништелка надолу, а првата се крева, па се создава нов зев.

Thumb
Скрипци
Thumb
Подношките ги креваат и спуштаат двете ништелки. Една ништелка се поврзува со една подношка со врвка, а ништелките меѓу себе се поврзуваат со врвки преку скрипци, така што двојката ништелки наизменично се креваат и спуштаат.
Remove ads

Називи на наречја

Во Битолско, Прилепско и Демирхисарско овој дел се нарекувал чкрипци.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads