Скулјари
село во Кожанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Скулјари (грчки: Αγία Κυριακή, Агија Киријаки; до 1961 г. Σκούλιαρη, Скулјари[2]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 37 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа високо во северозападните пазуви на Пиериските Планини, на 5 км североисточно од гратчето Велвендо и 2 км источно од реката Бистрица, на надморска височина од 1.000 м.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Неговото население уште од порано има грчко потекло.[3] Според османлиски дефтер од 1528 г. во Скулјари имало 5 домаќинства со 22 жители.[4]
Во XIX век Скулајри било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Склјари е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 85 куќи.[5]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Скулјари (Σκούλιαρη) живееле 600 Грци христијани.[6]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 675 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 585 лица.[3] Во 1961 година, името на селото било променето во Агија Киријаки (Αγία Κυριακή) или Света Недела, по името на старата селска црква.[2]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[3]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 18 квадратни километри.[3] Општината Скулјари била приклучена во општината Велвендо во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.
Селото припаѓа на општинската единица Велвендо со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Велвендо, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Скулјари, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Недела“ — изградена во 1750 г. во клисурата на р. Лафишта
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads