Славе Ивановски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Славе Симов Ивановски ( 1922 во Галичник ― 21 декември 1944 во близина на Галичник) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]
Remove ads
Животопис
Завршил основно училиште во родното село. Уште како дете бил принуден да се бори за корка леб како печалбар. Се доселил и живеел во Скопје, каде работел како слаткар. Во 1944 година бил распореден во 17 македонска ударна бригада на курирска должност. Учествувал во акциите за уништување на балистичките банди.
Во борбите против oвоj корав непријател учествувал и по ослободувањето на вардарскиот дел на Македонија и во една од тие акции тој храбро загинал, пронижан од непријателски куршум на 21 декември 1944 година во близината на родното место.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads