Славчо Деловски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Славчо Деловски ( 1923 во Велес — 6 април 1944 )— македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Животопис
Од Велес се доселил во Скопје и живеел во Црниче, каде дејствувал во силна партиска ќелија. Како напреден младинец бргу се поврзал и се вклучил во илегалната борба против бугарскиот фашистички окупатор. Во 1943 година бил примен во редовите на КПЈ. Развил широка политичка дејност кај младината и придобил нови приврзаници за оружената борба против окупаторот. Учествувал во растурање летоци, во кои се осудувал окупаторот и се објаснувале целите и успесите на Народноослободнтелното движење. Организирал собирање на материјали и парична помош, што се испраќала на партизаните и илегалците што работеле во Скопје.[1]
На 3 март 1944 година заминал во веќе прославената Трета македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во борбите на Црна Трава, Ристовац, Пробиштип и Црн Врв. Загинал во борбите против бугарските фашистички сили, на 6 април 1944 година. Неговите останки биле погребани на скопските гробишта.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads