Сламите (Рапеш)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сламитеархеолошко наоѓалиште во битолското село Рапеш. Претставува тумулнекропола од железно и доцноримско време. Се наоѓа во југозападниот дел на Мариовската висорамнина, на околу 1,5 км североисточно од селото, на сртот од ридот што се издига и го обградува левиот брег на Маковска Река. Се работи за две локации, оддалечени 400 метри една од друга, на кои се гледаат камени конструкции од гробови оштетени со земјоделските работи. Со пробните археолошки ископувања во 1989 година од страна на Заводот и музеј од Битола на локацијата Возишта, со површина од 70 × 20 м, се откриени три погребувања во гробови од камени плочи – цисти, под тумул со калота од нафрлени камени плочи и прстен во основата од обичен и кршен камен. Исто така се најдени и други 4 гроба што биле секундарно вкопани во доцноантичкото време. На втората локација, Каменот – зарамнет дел од падината, истражувачите откриле 6 гроба, со доста оштетени конструкции и скромни прилози од железното време. Концентрацијата на камењата и поставеноста на гробовите асоцираат на погребувања под тумули, и тоа на два мали со по неколку покојници. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads