Рапеш

село во Општина Новаци, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Рапешmap
Remove ads

Рапеш — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Првпат името на селото било запишано како Храпеш во турски документи во XVI век. Името веројатно доаѓа од старословенскиот збор храпа што имал значење на „бара или локва“. Другата претпоставка е дека доаѓа од влашкиот збор арпа што имал значење на „бездна или стрмно место“. Како трета претпоставка е дека доаѓа од албанскиот збор рап што имал значење на „платан или платанова шума“.[2]

Сосем друго објаснување за името на селото е дека тоа потекнува од личните имиња на Харалампиј или на Рахослав.[3]

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Традиционална куќа во селото

Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, на источната падина на Селечка Планина. Рапеш се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Новаци.[4] Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри.[4]

Низ селото поминува регионалниот пат 1311, кој го поврзува битолскиот дел на Мариово со градот Битола, од кој е оддалечено 35 километри.

Во селото се зачувани интересни и чисто македонски градби на куќите.[5]

Remove ads

Историја

Thumb
Разрушеното село Рапеш во годините на Првата светска војна

Селото Рапеш се смета за старо мариовско село. Во пописните турски дефтери од XV век се споменува село со 65 жители.[5]

Во текот на Првата светска војна, селото било зафатено од воените дејствија и мештаните го напуштиле селото. Селската црква била особено оштетена, која била обновена во 1919 година, кога рапевци се вратиле во селото.[3][5]

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 22,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.119 хектари, на пасиштата отпаѓаат 791 хектар, а на шумите 98 хектари.[4]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[4]

Поради богатството со дивеч, најмногу дива свиња, селото е често одредиште на ловџии. Исто така, бидејќи се наоѓа веднаш до Црна Река, селото е богато и со риба.[5]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рапеш живееле 388 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Рапеш имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рапеш се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[9]

Поради емиграција на населението, селото преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото броело 478, а во 1994 година само 74 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Рапеш живееле 46 жители, сите Македонци.[10]

Денес, според неслужбени информации од 2018 година во селото живееле само 20 жители.[5] Во поново време, селото доживеало обнова на своето население, откако многу ергени нашле жени од Албанија и во селото биле родени повеќе деца по долг период.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 36 жители, од кои 29 Македонци и 7 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Remove ads

Иселеништво

Бројот на иселени лица изнесува над 600 жители. Најголем дел од нив се иселени во градовите Битола и Скопје, како и во прекуокеанските земји и во Европа.[5]

Општествени установи

Thumb
Обновеното основно училиште во селото
Училиштето во селото било отворено во 1934 година, а се затворило во 1987 година, но во 2012 година повторно се отворило. Во него тогаш 5 деца на возраст од 6 до 9 години го започнале и продолжиле своето образование. За таа цел, училиштето било обновено.
  • Дом на културата
Remove ads

Самоуправа и политика

Во XIX век, Рапеш било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.

Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Маково, во која покрај селото Рапеш, се наоѓале и селата Брник, Ивени, Маково, Мојно и Орле.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0180 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Брник и Ивени.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 58 гласачи.[19]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Петка“ и „Св. Димитриј“
Thumb
Рапешко Езеро
Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[5]
Манастири
Параклиси
  • Параклис „Св. Петар и Павле“ — мал параклис во непосредна близина на селото
Мостови
Езера
Реки
  • Маковска Река — река која поминува низ селото
  • Кабига Поток — мал поток, притока на Маковска Река
Клисури

Редовни настани

Слави[3]

Личности

Родени во или по потекло од Рапеш
  • Ило Трајковски (р. 1960) — социолог, универзитетски професор

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads