Слободна Држава Олденбург
држава во состав на Вајмарската Република From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Слободна Држава Олденбург (германски: Freistaat Oldenburg) — сојузна држава на Вајмарската Република.[1] Основана е во 1918 г. по абдикацијата на големиот војвода Фридрих Август II по Ноемвриската револуција.
Во 1937 г. државата ги изгубила ексклавните окрузи Ојтин кај балтичкото приморје и Биркенфелд во југозападна Германија, отстапувајќи ѝ ги на Прусија а за возврат го добила градот Вилхелмсхафен; сепак, ова било само формалност, бидејќи сојузните држави биле де факто укинати од националсоцијалистите уште во 1934 г..
На почетокот на Втората светска војна во 1939 г. како последица од територијалните промени Олденбург зафаќал површина од 5.375 км2 и броел 580.000 жители.
По Втората светска војна, Олденбург е споен со новосоздадената покраина Долна Саксонија како управен округ, и обете во 1949 г. станале дел од Западна Германија. Двете енклави влегле во покраините Шлезвиг-Холштајн односно Рајнската област-Пфалц.
Remove ads
Поврзано
- Војводство Олденбург
- Големо Војводство Олденбург
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads