Слободно скијање на Зимските олимписки игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Слободното скијање е дел од официјалната програма на Зимските олимписки игри од игрите во 1992 одржани во Албервил. Спортот бил показен на игрите во 1988 во Калгари, каде биле одржани дисциплините могул, акробатски скокови и ски-балет. На игрите во 1992 година, за дисциплината могул биле доделени медали, а акробатските скокови и ски-балетот останале показни дисциплини. На игрите во 1994 во Лилехамер, акробатските скокови станале официјална дисциплина за која биле доделени медали а ски-балетот бил исфрлен од програмата. На игрите во 2010 во Ванкувер, дисциплината ски-крос била додадена на олимписката програма, додека пак на игрите во 2014 во Сочи, биле додадени дисциплините полуцевка и слоупстајл.[1]
Александар Билодо од Канада станал првиот натпреварувач во слободно скијање кој успеал да го одбрани олимпискиот златен медал, откако тој успеал да ги освои златните медали во дисциплината могул на Зимските олимписки игри во 2010 и 2014.[2] Во женска конкуренција, норвежанката Кари Тро се наоѓа на врвот на табелата на медали со освоени вкупно три медали, сите во дисциплината могул.
Remove ads
Дисциплини
• = официјална дисциплина на програмата, (п) = показна дисциплина
Remove ads
Табела на медали
Remove ads
Број на натпреварувачи по земја
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads