Зимски олимписки игри 2010

From Wikipedia, the free encyclopedia

Зимски олимписки игри 2010
Remove ads

XXI Зимски олимписки игризимски олимписки игри коишто се одржале во Ванкувер, Канада од 12 до 28 февруари 2010 година. Некои натпревари се одржуваат западно од градот, во Ричмонд, а некои северно, во Вислер.

XXI Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010
Thumb
Град домаќин Ванкувер, Канада
Број на држави 82
Број на спортисти 2622[1]
Број на спортови 7
Број на натпревари 80
Отворање {{{Отворање}}}
Затворање 28 февруари 2010
Стадион

Ова се третите Олимписки игри, а втори Зимски олимписки игри, кои се одржуваат во Канада. Претходно, Канада била домаќин на Летните олимписки игри 1976 во Монтреал и Зимските олимписки игри 1988 во Калгари.

Канадскиот олимписки комитет вети дека Канада ќе освои најголем број на златни медали на игрите во Ванкувер. На претходните Олимписки игри, одржани во Канада, спортистите од оваа земја не освоиле ниту еден медал. Иницијативата за остварување на овој успех беше наречена „Најдобри достигнувања“ (англиски: Own the Podium).[2] Домашните спортисти ги потврдија најавите на комитетот и освоија рекордни 14 златни медали од вкупно 26 освоени.

Remove ads

Избор на град домаќин

Одлуката за доделување на организацијата на игрите на градот Ванкувер беше донесена на 2 јули 2003 година, на 115. седница на Меѓународниот олимписки комитет, која се одржа во Прага.[3] Останати кандидати беа Пјонгчанг и Салцбург.

Повеќе информации Резултати од гласањето за избор на град-домаќин ...
Remove ads

Трошоци

Оперативните трошоци за Зимските олимписки игри 2010 беа проценети на 1,354 милијарди $ (2004), но во средината на 2009, новата проценка изнесуваше 1,76 милијарди $.[5] Целиот износ на оперативните трошоци е покриен од невладини извори, односно преку спонзорства и продажбата на правата за емитување на настанот преку телевизиски пренос. Парите на даночните обврзници, во висина од 580 милиони долари беа потрошени за изградба на инфраструктурата во Ванкувер, Вислер и Ричмонд. Пресметката на трошоците за безбедност изнесуваше 200 милиони долари, а овие средства исто така се дел од државниот буџет. Агенцијата која е ангажирана за обезбедување на безбедноста на игрите е Канадската кралска коњичка полиција. Овој почетен износ се покажал како недоволен, па бил зголемен до износ од 1 милијарда долари.[6] Непосредно пред почетокоѕ на игрите, во февруари 2010, вкупните трошоци за игрите, вклучувајќи ги и трошоците за надградба на инфраструктурата во регионот беа проценети на 6 милијарди долари, додека трошоците потрошени директно за игрите беа проценети на 600 милиони $. Ревизорската куќаPrice-Waterhouse, во својот извештај наведува дека користите и прходите за градот и провинцијата ќе бида о износ од 10 милијарди $, одека директните приходи се проценети на 1 милијарда долари.[7]

Remove ads

Краток преглед

Thumb
Марка на Македонска Пошта по повод Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер (ФДЦ 2/2010, 12 февруари 2010)
  • Неколку часа пред церемонијата на свеченото отворање на игрите починал 21. годишниот грузиски санкач Нодар Кумариташвили, незгодно свртувајќи се и удирајќи со главата во челичен столб, со брзина од 143,3 км/ч.
  • Швајцарецот Симон Аман победил на двата поединечни натпревари во скијачки скокови, со што го повторил успехот од игрите во 2002 година и станал првиот натпреварувач кој на Зимските олимписки игри успеал да освои 4 златни медали во поединечна конкуренција во овој спорт.
  • Во скијачко трчање, Марит Бјорген од Норвешка освоила 3 златни, еден сребрен и еден бронзен медал, со што била најуспешна спортистка на игрите.
  • Боде Милер од САД и Аксел Лунд Свиндал од Норвешка освоиле по еден златен, еден сребрен и еден бронзен медал во алпско скијање. Во женска конкуренција, Германката Марија Риш освоила 2 златни медали, победувајќи во суперкомбинација и слалом.
  • Кинеската натпреварувачка во брзо лизгање на кратки патеки, Ванг Менг, освоила 3 златни медали.
  • Во боб, Андре Ланге од Германија станал првиот натпреварувач во историјата на спортот, кој освоил 4 златни медали на Олимписките игри.
  • Љубителите на хокеј на мраз биле сведоци на одличен финален натпревар, во кој домашната репрезентација на Канада ја совладала репрезентацијата на САД со 3-2, со постигнат златен гол.
  • По бројот на освоени златни медали, канадските спортисти освоиле рекордни 14 златни медали. Спортистите од САД освоиле, исто така, рекордни 37 медали.

Спортови

Натпреварите на Зимските олимписки игри се одвиваат во 7 големи спортови, кои се поделени на 15 спортови, кои пак содржат 86 дисциплини. Осум спортови спаѓаат во групата на ледени спортови:боб, санкање, скелетон, хокеј на мраз, уметничко лизгање, брзо лизгање, брзо лизгање на кратки патеки и карлинг. Три спорта се опишани како алпски и на даска: алпско скијање, слободно скијање и скијање на даска. Останатите четири спорта се групирани како нордиски: биатлон, нордиско скијање, скијачки скокови и нордиска комбинација.

  • Санкање (3)
  • Нордиска комбинација (3)
  • Брзо лизгање на кратки патеки (8)
  • Скелетон (2)
Remove ads

Распоред на натпревари

  Церемонија на отворање  Квалификациски натпревари  Финални натпревари  Егзибиции  Церемонија на затворање
Повеќе информации Февруари, 12 П ...
Remove ads

Земји-учеснички

Thumb
Со зелено се обоени земјите-учеснички на игрите

На игрите учествуваат 2622 спортисти од 82 земји. За првпат на игрите учествуваат спортистие од Гана, Кајманските Острови, Колумбија, Пакистан, Перу, Србија и Црна Гора.

Remove ads

Освојувачи на медали

Thumb
Медали од игрите
Повеќе информации Место, Земја ...

Поврзано

Наводи

Надворшни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads