Слон (Варош)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Слон (Варош)map
Remove ads

Слон — населба од бронзено време. Во подножјето на Маркови Кули, од југоисточната страна, а во непосредна близина на природната карпа во вид на слон. Видливи се бројни фрагменти од керамика, керамички садови. Во 1965 година се извршени пробни ископувања од помал обем. Материјалот, денес е во Заводот и музеј од Прилеп. Во постарите културни периоди, како што се неолитот, бакарното и бронзеното време, оваа исклучителна карпа, веројатно била објект на нагласено обожување, како објект со божествено потекло, дом на моќни божества, околу која се одигрувале разновидни процесии и ритуали за придобивање на милоста на натприродните суштества, кои владееле со природните сили и духовниот свет. Дел од големиот број издлабени правоаголни и трапезоидни објекти, веројатно претставувале своевидни садови (реципиенти), кои служеле за дамнешните култно-религиски активности. Ова, особено, важи за трите такви садови од северната страна на објектот, кои биле изработени во негова непосредна близина, а до нив води карпеста патека, која тргнува од самото подножје на ритчето на кое се наоѓа „Слонот“. Дека околу оваа карпа се развила населба во бронзеното време потврдуваат и археолозите, но присуството на разновидни археолошки материјали, меѓу кои и такви кои потекнуваат од постарите периоди, може да се констатира дека карпата има многу старо култно потекло.[1],[2],

Повеќе информации Основни податоци ...
Thumb
Карпата во облик на слон во чија близина се наоѓа населбата
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads