Смољан
град во Бугарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Смољан или Смолен (бугарски: Смолян) — град во Јужна Бугарија, сместен на јужните падини на планината Родопи. Центар е на Општина Смољан и на Смољанска област. Во градот се наоѓа археолошки музеј, театар и астрономска опсерваторија.
Градот го добива своето име од словенското племе Смолјани, кое во раниот среден век ја населувало областа.
Remove ads
Географија
Од престолнината Софија, Смолен е оддалечен 240 км, а од најблискиот поголем град Пловдив, оддалечен е 100 км.
Смоленската Област се наоѓа во средишниот дел на Родопите на значителна надморска височина од 1.000 м, а околу градот се наоѓаат бројни планински врвови повисоки од 2.000 м надморска висина. Смолен е административен центар на највисока надморска височина во Бугарија. Местоположбата погодувала за развој на зимскиот и планинскиот туризам, па во близина на градот се развиле значајните туристички центри Пампорово и Чепеларе.
Низ Смолен протекуваат две реки, Черна (Црна) и Бјала (Бела).
Климата во градот е континентална со влијание на планинската клима заради големата надморска височина.
66% од општината Смолен е под шума, што е многу повисоко од државниот просек.
Remove ads
Историја
Околината на Смолен е населена уште од времето на Тракијците. Се смета дека градот името го добил по словенското племе Смоленци, кои ја населиле оваа област во почетокот на средниот век. Подоцна овој простор е под власт на Византија, средновековна Бугарија, Османлиското Царство.
Смолен особено се развил во текот на последниот дел од владеењето на Османлиското Царство во 19 век, кога градот бил познат под името Пашмакли и бил претежно населен со Бугари муслимани – Помаци. Во 1878 година, Смолен станува дел од новооснованата држава Бугарија.
Remove ads
Население

После Втората светска војна, Смолен броел околу 5.000 жители[1] Оттогаш градот расте од десетлетие во десетлетие, најмногу заради миграцијата село-град, како и миграцијата од околните помали гратчиња, и го достигнува својот врв во деведесеттите години на дваесеттиот век кога брои повеќе од 34.000 жители.[2]
Според последниот попис од 2011 година, етничкиот состав на градот е следниов:[3][4]
- Бугари: 25.045 (97,0%)
- Роми: 258 (1,0%)
- Турци: 153 (0,6%)
- Други: 120 (0,5%)
- Недефинирани: 248 (1,0%)
- Не се изјасниле: 4.818 (15,7%)
Вкупно: 30.642
Поголем дел од населението се православни, а помал се муслимани.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads