Снегот во Казабланка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Снегот во Казабланкамакедонска книга, роман напишани од Кица Колбе. Книгата е издадена во 2005 година од издавачката куќа Три, а во 2007 година се појавува и второто издание од издавачкото претпријатие Магор и е прогласена за роман на годината, 2006[1][2].

Кратки факти Автор, Земја ...
Remove ads

Содржина

„Снегот во Казабланка“ - ова е роман-хроника, роман-повест за една бегалска фамилија во Македонија на почетокот на педесеттите години на 20 век, која може да биде парадигматска за темата на бегалството, воопшто. Клучна е идејата за тоа колку долго војната и по бегството невидливо се одигрува во бегалските фамилии. Таа војна по војната, или траума на траумата по бегството, трае долго откако војните завршиле и сите ги заборавиле, ама не и членовите на бегалските фамилии. Централна тема е разорната сила на војната и бегството, која не ги остава на мир оние кои „се спасиле“, но напуштиле и изгубиле сè, затоа што останале трауматизирани, со чувство на вина, со постојан страв, со чувство на неприпадност. За овие, во светската литература толку актуелни теми, многу малку е пишувано во македонската книжевност. Сугестивната нарација во романот Земја на бегалци е напишана од гледна точка на децата, со посебен акцент на психологијата на траумите, чувствата, стравовите и надежите. Во романот е тематизиран животот во бегалско гето, траумата на директно погодените членови во фамилијата за која се раскажува по загубата на татковината и домот, но и на оние родените по бегството, затоа што авторката многу добро знае дека многу нешта се откриваат и од визурата на децата на бегалците. Со еден збор, се работи за една тема , стара колку и историјата на војните, а можеби никогаш толку актуелна како денес.

„Снегот во Казабланка“ е роман со длабински поглед во интимата, но и со критичка отвореност кон светот. Реален и имагинарен, мозаик од сеќавања и очекувања. Романот на Кица Колбе е уште едно сведоштво за судбината на македонската бежанка која својата прокоба ја изразува преку творештвото[3].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads